Неколку стотици жители на Хаити, ги нападнаа и ги ограбија камионите со хуманитарна помош, откако генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун претојуваше во оваа карипска земја, тешко погодена од ураганот „Метју“ во кој загинаа над 900 лица.Околу 1,4 милиони луѓе имаат итна потреба од хуманитарна помош. Властите стравуваат од избувнувањето и на зараза од колера, откако на југот од Хаити, се регистрирани неколку сомнителни смртни случаи.Во 2010 година, од смртоносна зараза избувна, по катастрофалниот земјотрес во кој загинаа над десет илјади лица.
Тензиите во Хаити се засилија последниве недели откако стана јасно дека доцни помошта од странство, иако десетици семејства се соочуваат со глад, затоа што ураганот им ги уништи сите залихи од храна и вода.
Според локалните медиуми, полицијата и мировните сили на ОН, употребиле солзавец за да воспостават ред во градот Лес Кајес. Овој град каде се случил грабежот на помошта од ОН, е најтешко погоден од ураганот.
Околу 120 илјадидомови се уништени или тешко оштетени од ураганот, што на 4 октомври помина преку Хаити, со брзина од 230 километри на час.
ОН побараа од меѓународната заедница помош од 120 милиони долари за настраданите во Хаити.Околу 1,4 милиони луѓе имаат итна потреба од хуманитарна помош. Властите стравуваат од избувнувањето и на зараза од колера, откако на југот од Хаит