Нападнати момчиња во Бутел!

Непознати лица вчера вечер со закана со пиштол се обиделе да ги нападнат М.Ж. (22)  и неговиот другар Н.А. (25) на улицата „Бутелска“ во Скопје, пред кафе-бар.Како што соопшти МВР, настанот се случил во 23 часот додека М.Ж. се движел со своето возило во кое бил и Н.А. (25). Од левата страна тие биле заобиколени од возило од кое излегле три непознати лица, а паралелно до возилото на М.Ж и зад него, застанале уште две возила од кои излегле уште неколку лица.
Три лицата кои излегле од возилото што им го попречило патот, се доближиле до М.Ж. и Н.А. и почнале да им се обраќаат со погрдни зборови. Во еден момент, едно од лицата извадило пиштол и успеало да го извлече Н.А. од блокираното возило надвор по што и физички го нападнал.
Во  меѓувреме дошло уште едно  возило кое застанало и од него излегло друго повозрасно лице кое се упатило кон напаѓачот со пиштол во рацете и го натерал заедно со другите лица да го напуштат местото на настанот.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.Како што соопшти МВР, настанот се случил во 23 часот додека М.Ж. се движел со своето возило во кое бил и Н.А. (25). Од левата страна тие

Пронајдете не на следниве мрежи: