Завчерашниот напад со боја врз Основниот суд Скопје 1 од страна на Шарената револуција е напад врз целото судство, смета Анета Арнаудовска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители и претставник на Македонија во ГРЕКО при Советот на Европа.-Сите овие вербални, физички напади кој што се случија во неодамнешниот период особено последниот период, според мене е напад не само на еден суд Основниот суд Скопје 1 Скопје туку е напад врз целото судство, бидејчи утре ако предметот се најде пред Апелационио, Врховниот или Управниот суд во тој случај и тие судови ќе бидат нападнати. Значи тоа е напад врз целото судств о. Тоа значи дека утре органите на државната власт некој може да ги повика на одговорност бидејќи не презеле мерки за застита на судиите и судовите, изјави Анета Арнаудовска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители.
Според Арнаудовска, ова е предвидено во акцискиот план донесен во април годинава од комитетот на министри при Советот на Европа поради големите притисоци врз судиите и да се заштити независноста на судството.
Шарената револуција на социјалните мрежи објави снимки на кои се гледа како нивни активисти со боја ги шараат зидовите на Кривичниот суд. На ваков чекор се одлучиле поради како што сметаат опструкциите на судот кон СЈО.
Вчера за оваа се препукуваа и двете најголеми партии. Според ВМРО ДПМНЕ зад овој чин на вандализам со цел вршење притисок врз судот стои СДСМ, а од најголемата опозициска партија негираа и истакнаа дека фарбањето го извршиле активисти на Шарената револуција.-Сите овие вербални, физички напади кој што се случија во неодамнешниот период особено последниот период, според мене е напад не само на еден суд О