Нападот со секира во германскиот воз е дело на Исламска држава!

Полицијата најде документи што покажуваат дека авганистанскиот тинејџер што ги нападна патниците во возот што патувал кон Вурцбург, бил поврзан со терористичката организација Исламска Држава, јавува германската телевизија Н24, повикувајќи се на извори блиски до истрагата.Во меѓувреме и терористичката организација информира дека станува збор за нивен борец, според  новинската агенција Амак што се поврзува со ИД.
Полицијата пронашла рачно насликано знаме на ИД во купето каде Авганистанецот ги нападнал патниците пред да биде застрелан од полицијата, информира министерот за внатрешни работи на Баварија.
Според него се уште е рано да се шпекулира за мотивите на нападот, и нагласи дека полицијата се обидува да открие дали момчето било поврзано со ИД, или станува збор за саморадикализиран осаменик што дејствува сам.
Според информациите, момчето пред да го изврши нападот извикувало „Алах Акбар“ (Господ е Голем).

Се смета дека момчето е17-годишен  бегалец во Авганистан кој пристигнал во Германија без придружба пред две години. Две недели пред нападот тој живеел со згрижувачко семејство.
Во нападот 5 лица се повредени, а 14 други се во шок од настаните. Според изјавата на министерот, две лица се во критична состојба.
Четворица од повредените се членови на кинеско семејство од Хонг Конг. Ова било потврдено од страна на гувернерот на Хонг Конг, Линг Чун Јинг. Тој го осуди нападот и упати сочувство до семејствата на жртвите.Во меѓувреме и терористичката организација информира дека станува збор за нивен борец, според  новинската агенција Амак што се поврзува со ИД.

Пронајдете не на следниве мрежи: