Напаѓачите на полицајците во Тетово сами се пријавија во полиција

Таткото и синот кои се сомничат за нападот врз четворицата полицајци минатиот четврток во Тетово денеска околу 12 часот и 45 минути во присуство на нивен адвокат сами се пријавиле во полициската станица во Тетово, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски, пренесе МИА.А.И.(69) е осомничен  за „ убиство во обид“, а неговиот син И.И.(40) за „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“.
На двајцата, судија на претходна постапка во Основниот суд Тетово минатиот петок во отуство им определи мерка притвор од по 30 дена.
– Четириесетгодишниот И.И во 13 часот и 30 минути беше предаден за издржување на притворот во КПУ „Тетово“, а 69-годишниот А.И. попладнево ќе биде предаден во КПУ „ Идризово“ во Скопје, рече Јосифовски.
Пред пет дена за издржување притвор од 30 дена во КПУ „Тетово“ беше предаден и 36-годишниот тетовец Е.Ј, осомничен, исто така, за „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Сите тројца заедно со 17 годишниот син на И.И. се сомничат дека минатиот четврток на улицата Никола Тесла во Тетово нападнале четворица полицајци кои се обиделе да го приведат И.И. како правосилно осуден на казна затвор од една година за нансеување тешка телесна повреда. Притоа неговиот татко А.И. со железна шипка ги нападнал полицајците при што двајца од нив се здобиле со тешки телесни повреди по главите и телата додека во мешаницата што настанала потоа уште двајца полицајци се здобиле со телесни повреди. Тешко поврдените полицајци по укажаната помош во тетовската болница како итни случаи беа префрлени на скопските клиники каде на најтешко повредениот кој беше во животно загрозувачка состојба му беше извршен и хирушки зафат и тој се уште се наоѓа на болничко лекување во Скопје. Веднаш по инцидентот А.И. и И.И избегаа и до денеска беа недостапни на органите на прогонот.А.И.(69) е осомничен  за „ убиство во обид“, а неговиот син И.И.(40) за „напад на службено лице при вршење работи на безбедн

Пронајдете не на следниве мрежи: