Како што тече истрагата за можните мотиви на Стивен Педок, 64-годишниот пензиониран сметководител кој пукајќи од 32. кат на хотелот Мандејел Беј во Лас Вегас убил 59, а ранил околу 500 луѓе, така протекуваат се поужасни детали за напаѓачот и неговите вистински намери.Според најновите информации од локалниот дневене весник Las Vegas Review Journal, Педок во текот на 10-те минути колку што траел неговиот крвав пир, дождот од куршуми не го насочувал кон 22.000 посетители на музичкиот фестивал. Рафалите во еден момент ги насочил во сосема друга насока, на двојно подалечна локација.
Изворите на кои се повикува Las Vegas Review Journal наведуваат дека пукал на огромните резервоари со керозин, кои се наоѓале на 600 метри од хотелот, во непосредна близина на хангарот во кој имало приватни авиони. На големите резервоари има траги од куршуми, еден од нив ја пробил својата мета, но по некоја случајност била избегната експлозија од големи разнерми, при што бројот на загинати можело да се мери во стотици, ако не и илјади.
Работниците минатите денови ги санирале оштетувањата на резервоарите, а на терен излегле и агенти на ФБИ, кои официјално не ги потврдиле ниту демантирале наводите на доверливиот извор на весникот.
Споменатиот избор додава дека се верува дека Педок знаел во што пука и дека затоа скршил два прозори во апартманот: преку едниот имал директен поглед на посетителите на музичкиот фестивал, а преку другиот на резервоарите.
Сепак, експертот за авијација Мајк Бојд, вели дека керозинот не е лесно запалив и дека среќна околност била тоа што во резервоарите имало керозин, а не некој друг нафтен дериват.
Масакрот во режија на Педок е најсмртоносен предизвикан од огнено оружје во историјата на САД. Шерифот Џо Ломбардо во средата открил дека напаѓачот, покрај 10-те парчиња оружје, во својот автомобил кај хотелот имал и 22 килограми експлозив.
“Тој внимателно се подготвувал за најлошиот напад во американската историја”, рекол Лобмардо, додавајќи дека Педок живеел “таен живот”.
Шерифот е уверен дека некој морал да му помогне во подготвките за нападот.
“Можно е тој да е суперчовек, но не верувам јас во тоа”, објаснил Ломбардо нагласувајќи дека инспекторите сметаат дека Педок планирал од целата ситуација да се извлече жив, но не изнел детали од тоа како мислел тоа да го изведе. Како што е познато, специјалците во хотелот го пронашле мртов, а се верува дека извршил самоубиство.
Шерифот потврдил и дека Педок една седмица пред масакрот изнајмил апартман во хотелот Огден, од каде имал јасен поглед на посетителите на друг музички фестивал.
“Дали тогаш се подготвувал? Тоа уште не го знаеме”, рекол Ломбардо.
Според најновите информации од локалниот дневене весник Las Vegas Review Journal, Педок во текот на 10-те минути колку што траел неговиот крва