Новоосомничениот напаѓач на Божиќниот пазар во Берлин, во кој загинаа 12, а 48 лица се повредени, бил радикализиран од страна на лидер на Исламската држава во Германија.Тунижанецот Анис Амри, по кого сега трага германската полиција, според извори во германските служби за безбедност, бил регрутиран од Абу Вала, кој минатиот месец бил уапсен во градот Хилдесшајм за регрутирање борци во ИД.
Абу Вала и пет члена на мрежата на ИД за регрутација на терористи беа приведени во Северна Rајна Вестфалија и Долна Саксонија по обвиненија за давање логистичка помош на локални доброволци да заминат во Сирија , објави тогаш јавното обвинителство.
Според германските медиуми, Ирачанецот Абу Вала е познат и како Ахмад Абделазис, е водечка фигура во џихадистичкото движење во Германија и голем број од членовите на ИД во Сирија и Ирак со негова помош заминале надвор од земјата. Вала бил под истрага на германските власти од декември минатата година.
Новоосомничениот Анис Амри, кој на Блискиот исток бил обучен да ракува со оружје, е бегалец со привремена заштита, кој во Германија дошол на почетокот на 2016 година и наскоро требало да биде испитуван од Комисија за добивање постојана заштита.
Германската полиција е уверена дека неговата крв е пронајдена во камионот со кој беше извршен нападот поради што полицијата смета дека тој е повреден.
Фокусот на полициската истрага во моментов е на Северна Рајна Вестфалија, на границата со Холандија и Белгија, каде што Амри би можел да добие логистичка поддршка од членови на ИД, кои се на слобода, но се уште не е јасно како е можно да успее да избега од Берлин, веднаш по нападот.Тунижанецот Анис Амри, по кого сега трага германската полиција, според извори во германските служби за безбедност, бил регрутиран од Абу Вала, кој