Напаѓачот во Лас Вегас имал голема предност

Loading...

Напаѓачот во Лас Вегас имал значителна предност со оглед на тоа дека бил поставен високо над жртвите, изјави за Си-Ен-Ен специјалниот агент на ФБИ во пензија Џејмс Галијано. Со 30.000 луѓе, притиснати во мал простор…тој требал само да цели во центарот и да го притисне орозот, вели експертот.
Гладајќи и слушајќи ја снимката, поранешниот ФБА агент верува дека напаѓачот користел воен митралез, а паузите меѓу пукањето сугерираат дека тој или го полнел повторно оружјето или се обидувал да се забарикадира во хотелската соба и да спречи да влезе полицијата.
Најмалку 20 луѓе загинаа во нападот во Лас Вегас за време на музички фестивал, соопшти полицијата.
– Повеќе од 20 лица се убиени и над 100 се повредени, изјави шерифот на Лас Вегас Џозеф Ломбардо.
Тој потврди дека напаѓачот е застрелан, но полицијата трага по неговата придружничка. Марли Данли. Жената, засега не е осомничена, туку на полицијата и е потребна за сослушување. Таа е Азијатка, висока 150 цм и тешка околу 50 килограми.  Напаѓачот е локален жител, а мотивите за нападот засега се непознати.
Ломбардо уште рече дека во нападот не бил користен експлозив, туку полицијата се послужила со контролирана експлозија за да стаса до напаѓачот.
Шерифот не сакаше да го соопшти името на напаѓачот, но потврди дека пукал од 32.кат од хотелот Менделеј Беј кон публиката која присуствувала на фестивал на кантри музика. Со 30.000 луѓе, притиснати во мал простор…тој требал само да цели во центарот и да го притисне орозот, вели експертот.
Гладајќ

loading...