Во првите десет дена од месецов значително порасна бројот на регистрираните корисници на страницата IllicitEncounters.com, предвидена за луѓе кои се во брак или во вонбрачна врска, а бараат авантура. Во поголемиот дел од случаите се работи за жени.Портпаролот на страницата Кристијан Грант смета дека тоа се случило заради почетокот на новата училишна година. „Жените што останале дома конечно се сами, мажите им се на работа, а децата на училиште. Ова остава неколку часа слободно време за новиот љубовник.
„По напорниот летен период, многу родители уживаат бидејќи немаат никој дома, а особено мали деца или тинејџери. Празната куќа е совршена за афера, постојат неколку часа во денот за средба со некој. Освен тоа, кога се изолирани во осамена позиција, луѓето премногу размислуваат, ги анализираат љубовните врски, размислуваат за она што им смета кај партнерот и така натаму“, објаснува Грант.
Тој додава и дека од почетокот на септември на нивната интернет страница се регистрирале дури 75% жени, и тврди дека е така секоја година.
„Невозможно е да се игнорира фактот дека жените во поголемиот број од случаите остануваат сами дома. Според Заводот за статистика во Велика Британија, дури 90% од партнерите кои не работат или се грижат за домаќинството се жени. Тие често знаат да се почувствуваат осамено, па некои потклекнуваат на искушението и бараат љубовник“, напоменува Грант.Портпаролот на страницата Кристијан Грант смета дека тоа се случило заради почетокот на новата училишна година. „Жените што останале дома кон