Дали знаевте дека јапонската влада им препорачува на своите граѓани да конзумираат 17 порции овошје и зеленчук секој ден.Сите дневни потреби на организмот за витамини и минерали и други хранливи работи можат да се испијат во една чаша, односно да се внесат со еден чудотворен напиток со име „17 на ден“ кој го зајакнува имунитетот и не чува од сезонските болести.
Состојки:
1 јаболко златен делишес1 крушка1 свежа краставица1/2 помала лимета1 ѓумбир (парче со големина од околу 1 см)1 рака свежи ливчиња спанаќ1/2 целер1 среден морков1 свеж кељ1/2 главица свежо цвекло1 кришка ананас (дебелина околу 1 см)1 брокула (неколку цветчиња)1 тиквичка (парче со големина од 1 см)1 рен (парче од 1 см)1 коморач (1 см големина)1 кришка црвена пиперка1 кришка жолта пиперка
Подготовка:
Овошјето и зеленчукот добро измијте го, исчистете го и измиксајте го во блендер, па додајте неколку коцки лед (по желба).
Зошто би требало да го пиете овој сок?
Затоа што во него се наоѓаат витамини А, Б, Б1, Б2, Б3, Б6, Ц, Е и К. Содржи бета каротен, калциум, железо, магнезиум, манган, цинк, селен, натриум, фосфор, бакар, сулфур, хром и бор. И затоа што овој рецепт потекнува од земја која има најголем број стари луѓе во светот.
На кои луѓе им се препорачува?
На луѓето кои се опоравуваат од сезонски грип, настинки и вирози, на оние кои можеби претерале со конзумација со алкохол, и на сите оние кои сакаат да ги внесат сите потребни хранливи работи во организмот.Сите дневни потреби на организмот за витамини и минерали и други хранливи работи можат да се испијат во една чаша, односно да се внесат со еден чуд