Напиток за зголемување на железото во крвта

Нивото на железото во крвта  го намалува ризикот од појава на крвно згрутчување, срцев и мозочен удар, железото е важно  поради создавање на хемоглобин кој го пренесува кислородот  во организмот.Ви препорачуваме вкусен напиток од 5 вида зеленчук кој е многу едноставен и делотворен…
Ссотојки:
1 цвекло
1 јаболко
2 моркова
Половина шолја брокула
2  листа кељ
-Цвеклото содржи фитохемикалии кои  поттикнуваат детоксификација на огранизмот, а витаминот С со кој изобилува цвеклото е силен антиоксиданс.
Железото од цвеклото помага кај анемија, ја обновува и зајакнува крвта. За тоа допринесуваат и малите количини кобалт кој учествува во создавањето на витамин Б12 кој  е неопходен  за создавање еритоцити.
Јаболкото на овој напиток му ја дава потребната доза вода, и блажина бидејќи ова рајско овошје содржи моносахарид фруктоза, шеќер кој предизвукува задоволување на желбата за слатко при што не доаѓа до промена на концентрацијата на глукоза во крвта.
Морковот во овој напиток ги задоволува сите дневни потреби за витамин А, освен тоа овој популарен зеленчук содржи посебен вид на влакна, калциум пектат кој го намалува нивото на холестерол во крвта.
Кељот содржи големи количини витамин К кои учествуваат во синтеза фактори за коагулација на крвта, изобилува со витамин С кој дури и по готвењето  останува во големи количини.
Брокулата спаѓа во најздравите намирници на светот и тоа благодарение на импозантната листа здрави состојки. Лутеинот, диеталните влакна, В витамините и фолната киселина се важни за одржување на нормалното ниво на холестерол во крвта, спречуваат болести на срцето и мозочен удар и го подобруваат здравјето на артериите.
Подготовка на напитокот:
Свежите состојки добро измијте ги во ладна вода. Цвеклото и морковот излупете ги и исечете ги на кришки, истото сторете го со јаболките. Листовите кељ и брокулата иситнете ги на парчиња.
Зеленчукот измиксајте го во блендер додека не добиете хомоген густ напиток. По желба додадете малку лимон и вашиот напиток за дневно задоволување на телото со зеленчук е готов.Ви препорачуваме вкусен напиток од 5 вида зеленчук кој е многу едноставен и делотворен…
Ссотојки:
1 цвекло

Пронајдете не на следниве мрежи: