Направено хируршко лепило кое делува за 60 секунди

Научниците направиле еластично хируршко лепило кое ќе може да се користи за затворање на критични рани на кожата или на органите без да се помине класичната процедура.Гелот се заснова на хибриден еластичен протеин (чија кратенка е наречена МеТро) и може да се примени на внатрешни и надворешни рани, со цел да се залепи раната и да се поттикне лекувањето.
Според меѓународниот тим на научници кој стои позади откритието, лепилото може да поседува својства за спасување поради затворањето на раните во 60 секунди без да се спречи природно ширење и опуштање на органите или кожата на која се применува.
Засега експериментите се ограничени на животински модели, но се работи и на човечки тестирања, а досегашните резултати се ветувачки. Изумот успешно е тестиран на артерии и бели дробови на лабораториски глувци и свињи.
“Убавината на МеТро лепилото е тоа што веднаш штом ќе дојде во контакт со површините на ткивата, тоа е цврсто фиксирано. Кога лепилото ќе се нанесе, се применува инфрацрвено светло за да се осигураме дека врската е безбедна.
Потоа додатно го стабилизираме, овозможувајќи му на материјалот да биде многу попрецизен и цврст, а поврзан со структури на површината на ткивото”, објаснува Насим Анаби од Бостонскиот универзитет. Раните лекувани со ова лепило можат да се поправат за многу пократко време во споредба со шевови, а доколку е потребна потешка операција, МеТро може да ја поедностави постапката – велат научниците.
Благодарение на разградливиот ензим кој го поседува лепилото, тоа може да се модифицира за да трае одредено време (часови или месеци), зависно од видот на повредата.
Во итните случаеви, каде брзината на постапката е пресудна за животот на пациентот, МеТро може да направи голема разлика во затворање на раните. Всушност, функционира како силикон кој се користи за лепење на разни предмети.
“MeTрo делува како флуид, кој ги пополнува празнините прилагодувајќи се на обликот на раната”, вели Ентони Вајс од Универзитетот во Сиднеј.
Доколку МеТро гелот може и натаму да се развива како 
Гелот се заснова на хибриден еластичен протеин (чија кратенка е наречена МеТро) и може да се примени на внатрешни и надворешни рани, со цел да се з

Пронајдете не на следниве мрежи: