Апаратите за филтрирање на вода се одличен додаток за во домот, но честопати нивната цена може да ве одврати од нивно купување.Апаратите за филтрирање на вода се одличен додаток за во домот, но честопати нивната цена може да ве одврати од нивно купување.Решението сепак постои бидејќи водата за пиење можете да ја прочистите и користејќи апарат за филтрирање кој многу лесно можете да го направите сами.
За ваквиот домашен апарат за филтрирање ви се потребни:
• пластично шише со потесно грло
• нож
• шило
• вата
• 20 таблети активен јаглен
Постапка:
1. Со помош на ножот, исечете го дното на пластичното шише по ширина.
2. На капачето од шишето, со шило направете што е можно повеќе ситни дупчиња, а потоа затворете го шишето.
3. Парчињата вата поставете ги во горниот дел од шишето. Земете 20 капсули активен јаглен, иситнете ги и ставете ги врз ватата. Врз јагленот поставете неколку парчиња вата и добро притиснете.
Активниот јаглен често се користи во медицината поради своите својства да ги впива органските и анорганските отрови, бои, микроорганизми и токсини, а со тоа ги задржува и штетните материи од водата за пиење која така станува многу поздрава за консумирање.
Во видеото погледнете ја деталната постапка за изработка на филтерот за вода од пластично шише.
Решението сепак постои бидејќи водата за пиење можете да ја прочистите и користејќи апарат за филтрирање кој многу лесно можете да го направите сам