Направете ги највкусните ШУПЛИВИ КРОФНИ!

Шупливи крофниСостојки:
500 мл млеко
1 квасец
2 јајца
3 лажици шеќер
950 гр брашно
150 гр стопен маргарин
Припрема
1. Ставете го квасецот во млако млеко да надојде
2. Во сад измешајте го маргаринот, јајцата, шеќерот. Додадете го млекото со надојдениот квасец
3. Замесете тесто со бташното, да биде помеко, но да не се лепи за прсти. Оставете го да отстои 30 минути, а потоа вадете крофни со калапи или чаша со остри рабови. Тестото истенчете го до 6-7 мм и оставете го десетина минути за да надојде. Откако ќе надојде секоја крофна уште  малку со сукало развлечете ја, но не притискајте пресилно, туку нежно.  Оставете уште 1-2 минути и пота пржете.
4. Пржете во загреано масло, но не врело, за крофните да не изгорат нагло. Кога ќе ги ставате крофните во маслото, превртете ги така што онаа страна која била на масата сега да биде одозгора, а таа која била одозгора прва да се пржи во маслото.
5. Вадете ги на салфетка да ја впијат маснотијата, а потоа навалкајте ги во шеќер во прав во кој сте додале ванилин шеќер исто во прав.
Добар апетит.
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и сл. можете да најдете на фан страната на НАЈАДИСЕ.МКСостојки:
500 мл млеко
1 квасец
2 јајца
3 лажици шеќер
950 гр брашно
150 гр стопен

Пронајдете не на следниве мрежи: