За вистинските гурмани! Ви претставуваме појадок кој ќе ви обезбеди енергија за цел ден!Состојки:
маслиново масло, 1 главица кромид ситно исецкана, 2 црвени пиперки исецкани и исчистени од семки, 2 свежи црвени или портокалови лути пиперчиња, исецкани и исчистени од семки, 1 голема сува чили пиперка, 3 свежи ловорови листа, морска сол и свеж мелен црн бибер, 400 г сецкан домат од конзерва, 2 големи сецкани домати, 6 јајца, 6 тортиљи, рендан кашкавал за декорација.
Подготовка:
Во тавче со капаче, загрејте малку маслиново масло. Додадете ги кромидот, пиперот, свежото и сушеното чили, ловоровиот лист и прстофат сол и црн бибер. Мешајјте и пржете 15 минути додека не омекнат. Додадете го доматот од конзерва. Оставете да зоврие, а потоа намалете ја температурата и гответе уште 5 минути.
Кога ќе добиете добар сос од домати, додадете го свежиот исецкан домат, а потоа скршете ги јајцата. Поклопете го тавчето и оставете да се пржи 3-4 минути. За тоа време загрејте ги тортиљите во рерна или микробранова печка.
Преку готовите јајца изрендајте кашкавал и замотајте ја смесата во тортиљите.
Уживајте!
Состојки:
маслиново масло, 1 главица кромид ситно исецкана, 2 црвени пиперки исецкани и исчистен