Направете сами: домашни ресани!

Направете си домашни ресани!Состојки-за тесто-4 јајца- 4 лажици шеќер- 4 лажици брашно
-за желе– 1 исцеден сок од портокал- сируп од портокал (се додава на цедениот сок од портокал до вкупно 200мл)- 1 пакетче (10 гр) желатин + 4 лажици вода- 1 лажиче арома на портокал, екстракт- 1/2 пакетче желе со арома на цреша или јагода (додатно, по желба)
-глазура– 200 гр чоколадо- 8-9 лажици масло
ПодготовкаЈајцата со шеќерот матете ги се додека не станат како крем. Потоа, со дрвена лажица вмешајте го брашното, внимателно, со кружни движења од долу на горе.Обложете пек-хартија врз плехот од шпоретот. Истурете и израмнете ја смесата. Печете на 160 степени околу 15 мин. (зависно од рерната)
Изладеното тесто со чаша или кружен калап исечете го на кругови.
Желатинот растворете го во водата и оставете го 5-10 мин да се здрви. Потоа додете сосема мал дел од сокот од портокал и растопете го на умерен оган. Кога ќе се растопи, додадете го и останатиот сок и сируп од портокал, убаво измешајте и тргнете на страна.

 
Смесата истурете ја врз сад со рамна површина во висина од некои 4 мм. Јас немав погоден сад, па ја истурив во 2 чинии со поткренати рабови.Желето цреши/јагоди пригответе го со половина доза од препорачаната на упатството. И тоа на ист начин сипете го во плитки чинии или садови и оставете да се здрви.
Здрвеното желе сечете го со помош на ракиена чашка и парчињата редете ги врз круговите тесто за ресана. Во овој случај ќе имате мешани ресани, со вкус на портокал, јагоди или цреши. Но, доколку немате можност за дополнителни вкусови и да набавите желе, тогаш дозата за желето од портокал зголемете ја уште за половина или пак ако ви е полесно дупло.
На крај, растопете го чоколадото со маслото и со помош на мало лажиче премачкајте/глазирајте ги ресаните одозгора. Врз делот со желе направете засеци како на оригиналните ресани. На сликата ќе приметите 2 вида на засеци. Едните се кога глазурата се подздрвила, а другите пак, кои мене пооригинално ми изгледаат се направени веднаш по засекувањето.
Доколку ви е тешко само со лажиче, помогнете си со четче за пралини за подобро да го распоредите слојот чоколадо до краевите.
Извор: Мои РецептиСостојки-за тесто-4 јајца- 4 лажици шеќер- 4 лажици брашно
-за желе– 1 исц

Пронајдете не на следниве мрежи: