Направете си ликер од ореви: Народен лек за тироидна жлезда -ОРЕОВКА!

Во народната медицина веќе стотици години се користи како природен лек за тироидната жлезда и за варење на храната.Рецептот за неговата подготовка може да се најде во монашките записи, во белешки на старите билкари и тефтери во некои куќи на поранешни аристократи, бидејќи со векови служел како универзален тоник за здраво варење.
И денес служи како „прва помош“ за многумина кои имаат проблеми со желудникот и како природен лек против анемија и за зајакнување на крвта.
Станува збор за ореовка, домашен лековит ликер кој се подготвува токму овие денови од млади, уште зелени плодови од орев.
Незрелите плодови од ореово дрво, со мека средина, се природно богатство на витамин Ц и јод, поради што од дамнешни времиња  се користени за различни производи кои помагаат на тироидната жлезда, особено во случај на ослабната работа – хипотироидизам.
Ликерот од ореви подеднакво е ефикасен и во олеснување на варењето, пролив, запек, горушица, надуеност, па се до грчеви во стомакот и желудочни инфекции.
Ви го претставуваме најпознатиот, традиционални народен рецепт, кој ќе може да се дополни со состојки по вкус (ванила, парчиња од портокал и сл).
Потребни состојки:

 
Потребни состојки:
– 12 млади, зелени ореви
– 40 dkg кафеав шеќер (или мед, по желба)
– 4 каранфилчиња
– 1 лимон, исечен  на парчиња
– 1 литар домашна ракија
Начин на подготовка:
Оревите измијте ги, ако се мали засечете ги, ако се поголеми пресечете ги на половна. Лимонот измијте го и исечете го на парчиња. На оревите и лимонот додадете им шеќер (мед), каранфилче, и домашната ракија и добро промешајте, за шеќерот што подобро да се растопи. Добро затворете го шишето и чувајте го на сонце 40 дена. Секој ден малку протресете, но не отварајте. После 40 дена, ликерот процедете го низ газа и претурете во шише па чувајте ја темно и ладно место.
– За природно лечење на тироидната жлезда, потребно е да се напиете по 1 чашка од ликерот дневно, наутро, на празен стомак.
– Кај проблеми со желудникот и анемија, препорачана доза е 1 чашка наутро и 1 навечер. Рецептот за неговата подготовка може да се најде во монашките записи, во белешки на старите билкари и тефтери во некои куќи на поранешни аристократ

Пронајдете не на следниве мрежи: