Направете вистинска италијанска пица!

За најквалитетно парче пица, најдобро е да си ја подготвите сами. Подготовката е лесна и е според рецепт од италијански пица мајстор.Клучно е да се одберат вистинските намирници. Мора да бидат квалитетни. Тестото тераба да расте бар од осум до десет часа, бидејќи така пицата е повкусна.
Потребно е:
За тесто:
4 шолји вода
1 ½ лажица сув квасец (и малку шеќер)
1,5 кг брашно
2 лажици сол
Маслиново масло
За полнење:
2/3 конзервирани домати
Маслиново масло
Моцарела
Свеж босилек
Сол
Замесете тесто од сите состојки во редослед како што се наведени. Кога ќе го измесите тестото, мора да оставите да мирува баре од осум до десет часа. Саат пред печење, подгответе ги плеховите и ставете ги да се греат заедно со рерната на температура од 220 до 250 степени.
Исукајте го тестото и тргнете го вишокот бврашно. Префрлете го на плех, кој претходно сте го намачкале со маслиново масло, па сте ставиле хартија за печење. Додадете исецкан домат и сол и прелијте со малку маслиново масло. Печете на најниската полица 15 минути.
Кога основата е готова, додадете моцарела и ставете ја на решетката која е најблиску до врвот на рерната, на неколку минути. Расфрлете босилек, врз моцарелата и уживајте во пицата.Клучно е да се одберат вистинските намирници. Мора да бидат квалитетни. Тестото тераба да расте бар од осум до десет часа, бидејќи така пицата е по

Пронајдете не на следниве мрежи: