Фотографијата на пејачот Ден Тајлер и неговото куче на Инстаграм, беше повод полицијата на Вотерфорд (Мичиген) да му поѕвони на врата и да го собере неговиот питбул. Таа раса е забранета во овој град, но проблемот е во тоа што неговиот миленик воопшто не е питбул.Четири дена откако Ден го донел своето ново куче дома, пред вратата му се појавиле полицајци. Тие дошле по повик на луѓе, коишто рекле дека неговото куче Диги е питбул, кој е забранет во овој град. Во страв дека ќе му го одземат кучето, тој склучил договор кучето да го напушти неговиот дом на три дена.
Меѓутоа, Диги воопшто не е питбул и Ден може да го докаже тоа со документи. Имено, Диги е американски булдог и така не претставува забранета раса во која спаѓаат американски питбул териер, стафорд бул териер и американски стафорд териер.
Иако Диги има лиценца во која пишува дека е американски булдог, правниот акт во овој град им овозможува на полицајците да забранат чување на било какво куче, за кое по лична истрага ќе се утврди дека е питбул.
„Тоа е најлудата одредба за која ќе слушнете некогаш, некој полицаец да пресуди за расата на некое куче. Законот има нејасен и ненаучен критериум, според кој службено лице врз основа на лично и професионално искуство со питбули во минатото ќе може да донесе одлука врз основа на визуелно препознавање. Тоа е апсурдно“ – смета Кристина Милманд-Риналди, која е извршен директор на Центарот за спасување на животни во Детроит.Четири дена откако Ден го донел своето ново куче дома, пред вратата му се појавиле полицајци. Тие дошле по повик на луѓе, коишто рекле дека неговот