Пикси Фокс, шведска манекенка, која прави се за да изгледа на барбика, во Истанбул го завршила новиот естетски зафат и задоволна се враќа во Стокхолм.Фокс, која претходно имала 17 операции и отстранила 6 ребра, ове денови престојувала во една од приватните клиники во Истанбул заради нов зафат – затегнување на кожата со помош на пајакова мрежа.
Пред полетувањето за Шведска, популарната шведска барбика, накратко им објаснила на новинарите во Истанбул дека е многу задоволна од третманот и среќна се враќа дома.
„Вчера имав операција, а денес ги гледам резултатите. Се заврши брзо, бидејќи се работи за безболен и нехируршки зафат“, кажала таа.
Пред својата, како што вели уметничка кариера, 26-годишната швеѓанка живеела со родителите близу Стокхолм. Пред неколку години одлучила да го следи својот сон, односно да стане жива барбика.
Таа имала повеќе операции на усните, носот, очните капаци и зголемување на градите, а минатата година вградила трајни импланти во очите за да и станат сини.
Откако извадила 6 реебра, обемот на струкот и изнесува 45 сантиметри, а кога ќе облече корсет, се намалува на 35!Фокс, која претходно имала 17 операции и отстранила 6 ребра, ове денови престојувала во една од приватните клиники во Истанбул заради нов зафат &nd