На првиот митинг денеска на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Гази Баба, пред граѓаните се обати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, тој кажа дека се потсетиме каде бевме и каде сме сега, за да бидеме сигурни каде одиме.-Во Гази Баба бројот на вработени во 2006 година, беше 7.429, а на крај на 2016, 15.430, тоа е повеќе од двојно. А невработеноста во општина Гази Баба во рок од 11 години ја намаливме за 54 проценти. Во изминатите четири години инвестиравме големи средства за асфалтирање и изградба на улици, тампонирање на локални улици, реконструкција на патни правци и изградба на кружни текови, изјави Груевски.
Тој кажа дека реализирани се 86 проекти со вкупна должина од преку 90 километри низ сите населени места во Гази Баба, тој наведе уште неколку проекти во инфраструктурата.
-Се инвестираше и се реализираа 48 проекти за водоводна и фекална канализациона мрежа во должина од 41 километар. Во 2016 година Владата одвои и голема сума пари за помош на настраданите места од елементарната непогода во август 2016-та. Кога лугето мислеа дека сите ги науштиле, тука бевме ние поддршката што ја обезбедивме преку Владата, преку општините и на сите други начини на кои што можевме, изјави Груевски.
Тој кажа дека финансирале реконструкција и изградба на објектите во овие места, се асфалтираа преку 60 улици во овие погодени места. Ние и понатаму ќе ги поддржуваме овие погодени места и ќе бидат подобри отколку пред елементарната непогода, изјави Груевски.
Тој кажа дека за најмладите и младите брачни се изградија 29 забавни паркови низ населените места, а покрај новоизградените паралелно се инвестирало и во одржување на сите други населени места.
-За љубителите на спортот и за сите други жители на општината се изградија 22 спортски објекти и игралишта, меѓу кои изградивме фудбалско игралиште во Трубарево, едно тениско игралиште во Железара и едно повеќенаменско во Триангла, изјави Груевски.
Тој кажа дека во општината биле изградени и три спортски сали, кажа и дека во соработка со општината и државата изграден е и новиот тренинг камп на Вардар, кажа дека е започната изградба на ново училиште во Хиподром, нова градинка доби Јурумлери.
-Во Гази Баба бројот на вработени во 2006 година, беше 7.429, а на крај на 2016, 15.430, тоа е повеќе од двојно. А невработеноста во општина Гази Б