Направивме заеднички тетоважи со дечко ми. За кратко време раскинавме…

Но, тоа не значи дека се каам…Помина година, откако јас и дечко ми си истетовиравме мали триаголници на рацете, кои ја симболизираат нашата љубов. Поминаа шест месеци откако раскинавме…
Не сум суеверна, но бев возбудена кога дечко ми, ми предложи дека би било интересно да истетовираме нешто заедно, нешто што ќе ни значи и на двајцата и ќе ја симболизира нашата љубов.
Ние веќе некој период не се согласувавме. Па, често се вели кога врската станува кризна, едниот партнер се обидува да направи некој голем чекор во обид да ја зачува врската. Тетоважите беа токму тој чекор.

Имавме многу причини да раскинеме. Но, дури и сега, дел од мене се сомнева дали се проколнавме со тоа што решивме да ги овековечиме нашите чувства со тетоважи? Дали сето тоа беше претскаѓување за крајот на нашата љубов?
Но, сепак нема да ја отсранам или покријам мојата тетоважа. Мојот сега веќе поранешен дечко ми е сега другар. И мило ми е што е тоа така.
Да, малиот триаголник е потсетник на една неуспешна романса. Но нашата врска беше прекрасна. Бевме заедно блиски три години. И иако не бевме еден за друг, сепак, многу си значевме. Зар не е прекрасно тетоважата да ме потсетува на убавите моменти поминати со него?Помина година, откако јас и дечко ми си истетовиравме мали триаголници на рацете, кои ја симболизираат нашата љубов. Поминаа шест месеци откако рас

Пронајдете не на следниве мрежи: