Двајца браќа од Канзас, за кои полицијата тврди дека прославувале лото добивка од 75 илјади долари, купиле марихуана и метамфетамин кристал и случајно куќата “ја кренале“ во воздух.
Експлозијата го однесе 27 годишното момче во болница, каде моментално се наоѓа на интензивна нега поради изгорениците од втор степен. Брат му, пак, бидејќи немал изгореници, завршил директно во притвор.
Несреќата се случила кога еден од нив отишол во кујанта за да ја дополни печката, која работела на бутан, а од која планирале да запалат џоинт, но поради невнимателност, многу бутан се ослободил во воздухот. Кога бутанот дошол во контакт со печката на која се грееле, дошло до огромна експлозија.
Иронично, но братот кој помина полошо во моментот на несреќата бил облечан во маица со апликација на лотарија, а неговата девојка го одвела до болницата, го оставила надвор, по што си заминала.
Полицијата со налог за претрес дошла до куќата во која се случила експлозијата, каде на лице место помладиот брат признал дека купиле марихуана и метамфетамин, по што нормално бил уапсен.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24. Двајца браќа од Канзас, за кои полицијата тврди дека прославувале лото добивка од 75 илјади долари, купиле марихуана и