Нарачал девојка за 150 евра, а на вратата му дошла сопругата

Вистинска трагикомична брачна драма доживеал Недељко Карев (38) од Бургас кој преку телефон закажал провод со проститутка.Дамата дошла точно во договореното време, а клиентот само што не паднал во несвест, бидејќи тоа била неговата сопруга.
Недељко и неговата сопруга Наџа биле во брак 6 години. Тој работи како службеник во големо складиште за алкохол, а неговата жена била касиерка во еден од најголемите ланци за мала продажба во градот.
Познаниците велат дека живееле во стан кој Недељко го наследил од родителите. Пред една и пол година, Наџа на својот сопруг му соопштила дека оди на курс по компјутери и англиски јазик бидејќи и се смачило да работи по 12 часа дневно за плата од 250 евра. Недељко оваа одлука ја прифатил со воодушевување.
Но неговата жена почнала да доаѓа дома се подоцна и подоцна, а набрзо дознала дека се вработила и како секретарка во казино клуб. Недељко првиот пат се налутил, но кога домашниот буџет значително се опоравил, тој се смирил. Приходите прераснале и до 1500 евра, а таа купила нова гардероба, автомобил и скапи парфеми, но веќе не доаѓала дома и заборавила на брачните должности, пишува Бугарската агенција Крос.
Запоставениот сопруг прво се снаоѓал со гледање на филмови за возрасни, посетување на порно сајтовите, а потоа решил да земе проститутка. Изнајмил посебен, луксузен стан, преку весник нарачал девојка за масажа на возраст од 27 до 34 години за која сакал да плати 150 евра.
На Наџа и рекол дека неговата компанија организирала банкет и дека нема да се врати цела ноќ. Нарачката дошла точно во одреденото време, а кога ја отворил вратата пред него стоела неговата жена во мини здолниште, убаво нашминкана. Наместо љубовен провод Недељко ја добил вистинската вистина околу компјутерските курсеви на неговата сопруга и тоа во прво лице.
Наџа му признала на мажот и дека во работата ја вметнала нејзината пријателка, која рекла дека многу жени го дополнуваат својот буџет, бавејќи се со најстарата професија на светот. На почетокот заработувала од 20 до 30 лева за еден клиент на ноќ.
Набрзо работата почнала да цвета и да си поминува и со 5-6 клиенти заработувајќи по 250 евра наден. Тие по ова се развеле.
 
Извор:Гуру
Вистинска трагикомична брачна драма доживеал Недељко Карев (38) од Бургас кој преку телефон закажал провод со проститутка.Дамата дошла

Пронајдете не на следниве мрежи: