Тие се насекаде и не можеме да ги одбегнеме. Страниците за продажба на Фејсбук и Инстаграм буквално не прогонуваат! Но што се случува кога ќе го нарачаме тоа кошулче или фустанче што го гледаме со денови? Ве предупреуваме, не е ни малку пријатно!Добро, можеби сме малку драматични, но и сами ја знаете опасноста од онлајн порачувањето. „БЕСПЛАТНА ДОСТАВА” звучи толку примамливо и за момент ќе ве намами да го порачате оној ПРЕефтин фустан кој на ПРЕзгодната манекенка навистина изгледа врв!
Кога конечно ги пративте своите податоци, останува само надежда дека кога ќе ви стигне нарачката ,нема да дочекате нешто ВАКВО!
„Buzzfeed” спроведе мала истрана и откри дека страниците за продажба на гардероба често ги крадат фотографиите од познатите брендови или јавни личности и тоа го промовираат како свој производ.
Да, тоа е само 500-тини денари, но зошто да ги фрлите парите и да испаднете тотална наивна личност? Да бидеме реални, за толку ниска цена не можете да очекувате квалитетен материјал и совршен крој. Иако Фејсбук има јасна политика на забрана против украдени фотографии, продавачите на гардероба лукаво ги заобиколуваат и се чини дека во скоро време тоа нема да се реши.
Доколку веќе еднаш или повеќе пати сте доживеале превара сетете се на овие фотографии и не дозволувајте да ве намамат.Добро, можеби сме малку драматични, но и сами ја знаете опасноста од онлајн порачувањето. „БЕСПЛАТНА ДОСТАВА” звучи толку примамливо и
Пронајдете не на следниве мрежи: