Наредба од Трамп за Помпео да ги прекине врските на ЦИА со Сорос

Под администрацијата на Бил Клинтон,Џорџ Буш и Барак Обама не беше необично шефовите на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) во градовите во светот да ги координираат политичките активности меѓу персоналот на институтот Отворено општество,финансиран од милијардерот Џорџ Сорос, и членовите на владите и опозициските политички партии.Сепак, според европски извор на американскиот новинар Вејни Мадсен, сето тоа прекинало кога новоизбраниот директор на ЦИА,Мајк Помпео, ја презел контролата над агенцијата,стои во блогот на Мадсен.Трамп му наредил на Помпео да ги расине сите врски на ЦИА со групата невладини организицаии на Сорос. Повеќето од овие врски биле одржувани преку Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) и Националниот фонд за демократија (НЕД), долгогодишни препознатлици знаци за мешањето на ЦИА во активностите на невладините организации во странство.Американскиот институт за мир исто така извршувал субверзивни операции со ЦИА.
Сорос,најверојатно,видел дека на неговите врски со ЦИА им се ближи крајот кога на денот на инаугурацијата го нападна Трамп нарекувајќи го измамник,натрапник и човек што ќе биде диктатор.Сорос зборуваше на годишниот светски економски форум во Давос,Швајцарија.Тој придонесе со 25 милиони долари за неуспешната претседателска кампања на Хилари Клинтон. Дополнително, победата на Трамп предизвика пазарни промени и Сорос изгуби една милиарда долари.
Сорос има причина да биде нервозен – раскинувањето на врските меѓу ЦИА и Фондацијата „отворено општество„ и другите невладини организации во Источна и Централна Европа. Овој регион беше жариште на американското проектирање на „мека моќ„, насочена против националистичките и проруските партии,со помош на радио „Слободна Европа”,  радио „Слобода”,и „Гласот на Америка”, кои се финансирани од САД,дејствувајќи заедно со медиумските кампањи финансирани од Сорос,користејќи Фејсбук,Твитер,Јутуб,испраќање пораки на телефон,интернет разговори,апликации на андроид и ајфон и микроблогови.Радио „Слободна Европа” и радио „Слобода” се остатоци од Студената војна,создадени од ЦИА и по падот на комунизмот пренаменети во функција за да се прошири влијанието на Америка и на НАТО над нациите од Полска и Чешка до Узбекистан и Киригистан.Институтот „Отворено општество„ на Сорос ги зеде архивите на радио „Слободна Европа„ од ЦИА и ги премести од Минхен во Прага.
Голем број политички лидери во Источна Европа и Евроазија,меѓу кои и премиерите на Унгарија и Словачка и претседателите на Чешка,Србија и Македонија, се жалеа на координацијата на активностите меѓу ЦИА,Сорос и домашните опозициски групи во нивните земји.Таквиот вид координација доведе до антидемократски „обоени револуции„ во Грузија,Украина,Киригистан и Македонија и доведе до симнување од власт на демократски избраните влади.
Според извори на американскиот новинар,ЦИА,која одблизу ги набљудувала групите што дејствувале против активностите на Сорос и ги предупредувала за заканите кога било неопходно,го прекинала тоа набљудување.Тоа значи дека Сорос и неговите милиони сега се лесна жртва за разузнавачките агенции од Будимпешта,Подгорица и Букурешт, па до Кишнев,Минск и Скопје, пишува Мадсен. Џорџ Сорос можеби треба да направи уште една „инвестиција” – најмување способно лично обезбедување,стои на крајот од текстот.
ДРАГНЕА: СОРОС ГО ХРАНЕШЕ ЗЛОТО ВО РОМАНИЈА
Првиот човек на романските социјалисти,Ливиу Драгнеа, рече дека е потребна проверка на сите невладини организации за кои се декларира дека се од јавен интерес,при што ќе се истражи и начинот како тие ги трошат јавните пари.
-Со оглед на декларираната намера и тоа што тие исто така добиваат јавни финансии,потребна е ригорозна проверка за да се истражи начинот како се трошат парите – истакна Драгнеа.
Тој ја искористи можноста да го нападне американскиот милијардер Сорос,пренесе „Романија џурнал”.
-Имам нешто против Сорос.Овој човек и фондациите и невладините што тој со години ги вовпоставуваше во Романија,уште од деведесеттите,мислам дека го хранеа злото во Романија.Тој финансираше активности и ниедна од нив не беше добра за земјата – рече Драгнеа.
Извор: ДневникТрамп му наредил на Помпео да ги расине сите врски на ЦИА со групата невладини организицаии на Сорос. Повеќето од овие врски биле одржувани преку А

Пронајдете не на следниве мрежи: