Српска „Политика“ пишува за написите и прилозите на грчките медиуми и телевизии, како Канал Стар и АНТ 1, кои предупредуваат дека Рама се повеќе се однесува како Ердоган, па во неможност да се справи со внатрешната политичка криза шири иредентизам во регинот, претендирајќи кон создавање на голема Албанија, со делови на Грција, половина Македонија и Косово.– Грчките медиуми се повеќе го споредуваат Еди Рама со Ердоган, чија тактика се повеќе ја користи говорејќи за голема Албанија се до Превез, во чиј состав ќе влезе Косово и половина од Македонија. Еди Рама им врти грб на европејците и се заканува дека ќе го припои Косово кон Албанија, доколку не се продолжи со процесот на проширување на ЕУ, констатира во својата информативна емисија грчкиот канал Стар цитирајќи ја неговата изјава доколку Западен Балкан не влезе во ЕУ, алтернатива би било припојувањето на Косово кон Албанија.
Во таа прилика била покажана и мапата на Рама на голема Албанија, која опфаќа и грчки територии до Арта во северот на државата дел од Македонија и Косово, со констатација дека во тоа има голем истомисленик во Хашим Тачи, кој исто така смета дека со припојувањето би се создала голема држава.
Канал Стар констатира дека ситуацијата во Македонија води кон распаѓање на државата. И дека Албанија и Бугарија претендираат за делови на нејзината територија, но и дека 3000 Албанци се веќе во Тетово кои би учествувале во вооружени конфликти и дека постои сериозна опасност од дестабилизација.
Канал, како што вели се повикува и на податоци на српските тајни разузнавачки служби дека на Косово се наоѓаат 80.000 единици илегално оружје и милион рачни бомби. Наредните денови , како што пишува Стар, треба да се очекува хаотична ситуација. Имено Бугарија ја наоружува паравојната организација на ВМРО, а Албанија паравојната УЧК, прашање на момент е кога ќе дојде до крвопролевање во Македонија.
Во ситуација кога ситуацијата во Албанија е хаотична, Рама веќе ја следи тактиката на Ердоган и говори за делот од татковината кој сеуште не е ослободен, „ извози криза како би добил повеќе гласови“.
Тој, во многу напета ситуација во земјата, пишува Стар, зборува за политика на понижување која не и дозволува на Албанија да стане земја на ренесансата, земја која ја и како ја замислувал Исмаил Џемали и татковците кои се бореле за независноста, држава која ја замислувале херои и оние кои преживеаја половина век диктатура.
За него патот за решение е , како што пишува Стар, создавање на голема Албанија, со дел од Грција, Косово, и пола Македонија. Тв каналот заклучува дека Рама зборува за татковините кои не се ослободени и укажува на опасноста надвор од своите граници, додека ситуацијата во самата Албанија се повеќе се заострува, додека опозицијата го обвинува за соработка со Чамите, кои бараат половина од Епир, ги поддржува албанските партии во Македонија, што го отежнува формирањето на Влада и во исто време зборува за иредентизам во Србија. Со тоа, покрај предупредувањата за своите идеи ги доби од Европа и САД, Рама предизвика и бурна реакција на Александар Вучиќ, кој му порача дека нивна работа е, „ наспроти Балканците кои посакуваат промени на границите , како би создале големи држави, не прашувајќи притоа никого, па ни Србија од која сакаат да одземат територија, да ги победиме политички без војна, кој би довел до сатанска држава“.
Според АНТ1, некои аналитичари очекуваат доколку продолжат реакциите на опозицијата која бара оставка и избори во Аалбанија, Еди Рама, можеби уште повеќе ќе се сврти кон екстремно десните ставови и барања, по прецизно – на тактиката која ја применува султанот во Анкара.– Грчките медиуми се повеќе го споредуваат Еди Рама со Ердоган, чија тактика се повеќе ја користи говорејќи за голема Албанија се до Превез,