Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. По одделни котлини и по речните долини ќе има услови за појава на магла, особено во утринските часови.Утринската температура ќе се движи од минус пет до еден, а дневната од 13 до 17 степени.
Во Скопје сончево со појава на слаба магла во утринските часови. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе се искачи до 15 степени.
До петок времето ќе биде стабилно и суво со пораст на дневната температура, а по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. В петок кон крајот на денот и в сабота се очекува преку нашево подрачје да помине краток и релативно влажен бран. Ќе има зголемување на облачноста и повремени врнежи од дожд, на планините во северозападниот дел од земјава ќе има врнежи од снег. Потоа се очекува повторно стабилизирање и затоплување на временската состојба кај нас.Утринската температура ќе се движи од минус пет до еден, а дневната од 13 до 17 степени.
Во Скопје сончево со појава на слаба магла во утри