НАРОДНИ ОБИЧАИ ЗА ЃУРЃОВДЕН: Доколку преспиете преку ден ве чека…

Ѓурѓоведен е голем христијански празник кој го прославуваат и православни и католици. Сепак, кај Србите овој ден попримил и некои стари предхристијански обичаи, па  Ѓурѓовден никаде во светот не се прославува како таму.Обичаите и верувањата на српскиот народ врзани за Ѓурѓовден постоеле пред да го прифатат христијаните. 
Поголемиот број на обичаи кои постојат во народните верувања се во врска со заштитата, здравјето и плодноста.
Еве какви се обичаите за овој празник…
Се бере ѓурѓевак  и се плете венец
На Ѓурѓовден треба да се побрза и рано наутро да се излезе на поле каде се бере цвеќе. Ѓурѓовденско цвеќе е ѓурѓевак, глуварче, млечок… и од нив треба да се исплете венец  со кој треба да се кити влезната врата на дворот од куќата. Ова се прави за годината во домот да биде бериќетна, здрава и плодна.
Во некои краеви на Србија во текот на берењето цвеќиња девојките и момчињата се гаѓаат со лепливи билки.  Доколку ви се допаѓа некое момче или девојка, треба да ја фрлите билката на вашата симпатија , па доколку се залепи тоа значи дека и вашата симпатија ќе се залепи за вас.
На Ѓурѓовден од лескови гранчиња се прави крст  кој се става на куќите и на нивите. Се верува дека крстовите штитат од громови, злобни и опасни сили.
Уште едно дрво кое има денес посебно значење е граб. Кога ќе наидете на ова дрво во шумата треба да се залулате на гранка за вашата симпатија да ја привлечете кон вас.
Покрај лулањето, момците и девојките ги китат куќите и капиите на Ѓурѓовден за полесно да го најдат брачниот партнер.

Кога капиите „ќе добијат нозе“
Доколку утрото се разбудивте без капија во дворот немојте да се грижите, тоа е уште еден обичај за Ѓурѓовден кој  и понатаму живее во некои рурални делови на Србија.
Момците на полноќ одат до куќите на девојките кои им се допаѓаат, ги вадат капиите и ги носат некаде далеку и така им задаваат мака на родителите кои потоа мораат да ги бараат по селото. Со вадењето на капиите се верува дека девојката ќе се омажи таа година.
НЕМОЈТЕ ДА СПИЕТЕ ПРЕКУ ДЕН
Спанковци, ова е лоша вест за вас! На Ѓурѓовден треба да подраните и не чини да спиете преку ден! Доколку го направите тоа, ризикувате да ве боли глава преку целата година. Сепак народот и за тоа смислил противлек. Доколку  ви се случи да дремнете, тогаш на Марковден треба да спиете на истото место.
Голема важност  во раните децении во Србија имало и капењето во реката, пред да излезе сонцето.За да бидат здрави и силни луѓето се кителе со цвеќе и билки…
Исто така се смета дека на Ѓурѓовден делуваат вештерките и другите зли сили. Поради тоа во минатото селаните палеле голем оган за да се заштитат себеси и селото. Обичаите и верувањата на српскиот народ врзани за Ѓурѓовден постоеле пред да го прифатат христијаните. 
Поголемиот број на обичаи кои

Пронајдете не на следниве мрежи: