Православните цркви се исполнуваат со трева и цвеќе од кое се плетат венчиња.Денес се прославува вториот ден од еден од најголемите празници, Духови. Слегувањето на Духот на апостолите е празник кој представува роденден на христијанската црква, а се слави на 50-от ден по Воскресението христово и се нарекува и Педесетница. Христовото воскреснување учениците останале во Ерусалим и во една соба често се собирале и заедно му се молеле на Бога очекувајќи го со нетрпение ветувањето на Утешителот.
Местото на Јуда меѓу 12-те апостоли било потполнето со Матија. На Педесетницата сите биле заедно.
Излегле на кровот од куќата, проповедале пред насобраниот народ со јазик кој до тогаш не го знаеле, така што сите собрани, дури и неверниците, го разбрале. Три илјади луѓе на овој ден поверувале на проповедот на апостолите и се крстеле.
Бидејќи на овој празник Евреите, значи и апостолите ги украсувале своите куќи со гранки, цвеќе и трева потсетувајќи се на времето кога по ропството лутале со Мојсие по пустина и живееле во колиби од гранки и лисја, и денес на празикот на Слегувањето на Светиот дух на апостолите православните цркви се исполнуваат со трева и цвеќе од кое се плетат венчиња.
Народните верувања на овој ден се различни, но има некои кои се „поклопуваат“. Имено, се верувадека оние девојки кои ќе се измијат со вода во која било ставено цвеќето од кое се плетат венчињата, преку целата година ќе има чисто и бело лице.
Мажите, пак кои од девојките ќе побараат да бидат дарувани со венче, според народните верувања, годината ќе ја завршат како младоженци.Денес се прославува вториот ден од еден од најголемите празници, Духови. Слегувањето на Духот на апостолите е празник кој представува роденде