НАРОДНО ВЕРУВАЊЕ: Моќта на урокливото око!

Урокливото око некои го сметаат како магија, која завидното лице свесно или несвесно му ја прави на некого. Се смета дека „фрлањето урок“ се прави поради завист, љубомора или омраза, а дека лицата кои го прават тоа најчесто не знаат дека се главните причинители за туѓата несреќа. Некои врачови тврдат дека урокливите очи се причина за смртта на дури половина човештво.Според суеверието, најопасни се женските очи, осебено на невестите и старите жени. Тие имаат најмногу влијание врз младите луѓе (и децата), животните, житото и млекото. Некои народни верувања го споредуваат урокливото око со змискиот отров. 
Луѓето одат до тој степен, што веруваат дека за умирањето на стоката во македонските села виновни се некои љубоморни соселани.

Нема лек од овој вид на „црна магија“, но затоа постојат амајлии за да се заштитите од урокливите очи: потковицата, сјајни предмети, вжештено железо, сол, стипса, рогови, носење превртена долна облека или чорап, а дури може и рачно да се изработи амајлија од предмети по своја желба.
Симбол за урокливо око во нашата традиција се сините очи, додека кај Русите се црните.
Иако носењето амајлии и талсимани се противи на нивната религија, во Турција и кај сите Турци е поуларно носењето на „Окото на Назар“, сина плочка со стилизирано око, која е дел од животот на многу луѓе од тој простор кои веруваат дека може да ги заштити од урокливо око.Според суеверието, најопасни се женските очи, осебено на невестите и старите жени. Тие имаат најмногу влијание врз младите луѓе (и децата), животни

Пронајдете не на следниве мрежи: