Слушам како предавниците од СДСМ и Соросовите платеници очајнички се обидуваат да ја релативизираат тиранската платформа и нејзиното постоење во обид да ја протуркаат квислиншката влада.Демек, платформата не постоела, Заев и коалициските партнери со договорот не го загрозувале Уставот, а народот на улица го опструирал легитимното мнозинство во парламентот бранејќи криминалци. А, во таа маса народ да ти било собрано најголемото ѓубре во државата – идиоти, фашисти, албанофоби… Затоа шарените платеници и албанското криминално подземје, кои ни договориле „нов живот“ и „блескава иднина“, биле подготвени да ги изметат улиците од ѓубрето што протестира „за заедничка Македонија“ и да го вратат во канализацијата од каде што дошло.
Сѐ повеќе избегнувам да паѓам во замката да се докажувам со криминално-предавничката багра дали постои или не нешто што секојдневно сите го гледаме пред себе. Ете ако навистина не постои платформата, тогаш навистина нема причина Заев јавно да не ја отфрли. Човекот болен за власт има шанса да стане веднаш премиер ако се огради од нешто што не постои – или поточно да ги отфрли сите скандалозни точки од договорот од Тирана, чиешто исполнување практично значи исчезнување на Македонија каква ја знаеме денес. Даваш ништо за да добиеш сѐ! Покрај тоа што ќе ја добие премиерската фотелја, ќе му се тргнат од улиците овие стотици илјади Македонци кои се на готовс во одбрана на државата. И, сега, логично прашање е зошто, место да формира влада на општо задоволство и со благослов од народот, Заев се дрзнува насилно да ја презема власта и ризикува конфликт. Затоа што не постои платформата или затоа што не смее да се откаже од нејзино реализирање?
Ситуацијата е пресериозна да се правиме наивни и да си дозволиме да поверуваме во лагите на Заев и на Соросовите платеници. Не сакам да трошам време во објаснување на менталниот склоп на Заев и неговата склоност да лаже штом отвори уста. Човекот досега безброј пати докажа дека лаже без око да му трепне во секоја ситуација. И сега, ние треба да ја довериме судбината на државата во рацете на овој лажго, кој нѐ убедува дека сѐ ќе било според Устав и никој немало да ни чепне од македонштината? Залудни се и поддршката и советите што ги добива од неколку амбасадори и дипломати од Брисел. Секој здраворазумен човек е свесен дека помина времето кога амбасадори и дипломати избираа влади во името на народот. Ако Заев сѐ уште се надева дека на таков начин ќе успее да се инсталира на власт, навистина е без памет!
Реалноста е многу поразлична од пред петнаесет години. Народот сега е буден, подготвен и порешителен од кога било да оди до крај. Помина времето кога народот паѓаше на пораките од дипломатите и ги доживуваше како наши тутори. Зад нас е времето кога народот беше третиран како изборна машина која ја спроведува нивната волја.
Бидејќи со долгогодишната примена на двојните аршини довербата во принципиелноста на ЕУ е сериозно нарушена кај македонските граѓани, сакајќи да ги обновиме односите со нашите стратешки партнери, ги прашувам дипломатите во Брисел (оние што бараат почитување на изборните резултати и итен избор на влада, наспроти стотиците илјади граѓани на улиците низ државата што бараат нови избори): ако навистина се декларирате како принципиелни партнери на македонскиот народ, ако навистина не сте дел од сценариото за распад на државата и бришење на македонскиот идентитет, ако навистина ве заболи за одржување фер и демократски избори на кои народот одлучува (а не меѓународната заедница), тогаш како е можно и во 2014 година (кога, исто така, ги оценија изборите како легитимни, фер и демократски) и денес да бидете на спротивната страна од волјата на мнозинството Македонци? Ако ве интересираше вистински економскиот просперитет на државата, зошто дозволивте опозицијата две години да ја држи државата во заложништво со нелегално прислушувани разговори? Зошто ги прифативте како вистинити лажните тврдења на СДСМ за украдени 200.000 гласови поради кои пак стигнавме до нови предвремени избори? Се извини ли некој од Брисел за поддршката на лажговците?
Ако во изминатите две години 2-3.000 шарени хулигани беа некаков фактор поради кој меѓународната заедница вршеше притисок врз ВМРО-ДПМНЕ да прифати предвремени избори и покрај апсолутното мнозинство во Парламентот и чистата како солза победа од 200.000 гласа разлика, тогаш како е можно да не ги земат предвид барањата на овие 200.000 луѓе, кои сметаат дека се измамени со тиранската платформа? Ако овие дипломати беа вистински партнери на народот и ако сакаа мирен расплет на кризата, цврсто ќе се спротивставеа на тиранската платформа и ќе застанеа во одбрана на Охридскиот рамковен договор, чијшто гарант се токму Брисел и Вашингтон. Така немаше да дозволат да се развие никаква дебата која може да доведе до конфликт од несогледливи размери.
Блиските односи на Заев и неговата криминална банда со амбасадорите и со дипломатите не беа искористени за враќање на демократијата, а со тоа и на довербата кај граѓаните, туку, напротив, беа злоупотребени за засилување на омразата и за поттикнување одмазда кон секој неистомисленик.
Истата таа радикална левица што ни ја нудат за власт од Брисел, повеќе од две години го тероризира мирниот македонски народ. Секојдневно го навредува, го понижува, му се заканува, го уценува со црни сценарија… Нивната забеганост отиде до таму што „слободоумните опозиционери“ почнаа јавно да повикуваат на леење крв по улиците и да им посакуваат смрт на полицајците како во Куманово.
Уште од самиот почеток предупредував дека овој мирен народ има граница на толеранција. И ако мирниот џин во еден момент биде испровоциран да се трансформира во ѕвер, тогаш ќе треба да му ја мисли тој што го предизвикал неговиот гнев. Е сега, истите тие што се закануваа со крвави улици, со влечење за уши, со цевки, со воспитни шамари, со „метење“ на неистомисленици… сега кукаат и плачат од најавите за самоорганизирање народни патриотски групи. Па, добро, што очекуваа? Дека народот ќе седи и ќе ги гледа како му ја уништуваат државата?
Мислеа дека со тоа што надворешните пријатели го активираа СЈО да спроведува хајка против раководството на ВМРО-ДПМНЕ ја завршија работата? А, помислија ли како ќе се справат со народот? Ќе ги уапсат сите Македонци? Па, нека повелат. Нека се обидат да ги уапсат сите 200.000 патриоти на улиците! Но, кога ќе тргнат по нив, нека си подготват уште неколку стотици илјади пара лисици плус затоа што дури тогаш ќе се соочат со гневот на целиот македонски народ.
Минатата година пишувајќи за етномазохизмот на радикалната левица реков: Неспособен да изготви програма со која ќе ја придобие наклонетоста на граѓаните, СДСМ се трансформираше во партија-заложник на едно радикално крило, кое, пак, отворено се предаде во прегратките на надворешни центри на моќ верувајќи дека тие ќе му ја завршат работата и ќе го вратат на власт по десет години во опозиција. Од целото граѓанско општество останаа во добри односи само со подземјето и со криминалците кои ќе го очекуваат својот дел од колачот по целосното разбивање на државниот систем.
Тоа што го пишував лани, денес го гледаме на дело. Криминалците и пријателите од надвор дојдоа по своето. Сите го бараат својот дел од колачот, а Заев треба да испорача. Ќе бидат задоволени дури тогаш кога ќе се раскрчми државата. Сметката ќе ја плати народот. Но, такво нешто нема да се случи затоа што народот е на готовс и подготвен е да го заштити своето. По секоја цена ќе оди до крај затоа што нема резервна татковина! Заев и неговата криминална банда сега се пред избор – да се соочат со народот на избори или да го предизвикаат неговиот гнев на улица.Демек, платформата не постоела, Заев и коалициските партнери со дог