Само 7.000 до 8.000 граѓани се појавија на помпезно најавуваниот и скапо платениот марш на СДСМ/Сорос.Најголемиот дел од нив со полупразни автобуси беа донесени од внатрешноста на држава, а според информациите од теренот во голем број градови, празни автобуси биле откажани и воопшто не тргнале кон Скопје.
Најголем револт за дволичната и антидржавна политика на Зоран Заев искажале жителите на Струга и Кичево кои поради калкулирањето со двојазичноста и македонските национални интереси одбиле да ги послушаат партиските повици и се појавиле пет пати помалку од тоа што го планирала централата.
Впрочем и тие два автобуси кои тргнале од Струга и Кичево се уверија во албанската иконографија која е во голема мера присутна на собирот организиран од СДСМ/Сорос.
Огромни потфрлања има и во Велес и во останатите градови каде што СДСМ не е на власт, од каде не тргнаа кон Скопје десетици автобуси.
Најмалку 5.000 од присутните се донесени од Струмица и Куманово каде нивната егзистенција зависи токму од функционерите на СДСМ.
Забележливо е дека веднаш до Зоран Заев колоната ја предводи Зоран Верушевски, првоосомничениот во аферата „Пуч“, кој во скајп комуникацијата најавуваше украинско сценарио за Македонија и очекуваше дека благодарение на него по улиците низ државава ќе се леела крв до колена.
Пред Собранието на Република Македонија каде е поставена бината на СДСМ/Сорос, поставени се високи огради со кои организаторот сака да обезбеди вештачка слика за наводна масовност на собирот и да ги оправда истрошените средства.Најголемиот дел од нив со полупразни автобуси беа донесени од внатрешноста на држава, а според информациите од теренот во голем број градови, празн