НАРУШУВАЊЕ НА ИЗБОРЕН ПРОЦЕС: Вработени во ЈП Чистота и зеленило Куманово во работно време разнесуваат партиски материјали на СДСМ

Во Куманово континуирано се злоупотребуваат општинските служби за партиски цели, од страна на СДСМ и градоначалникот, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово.-Овие фотографии се направени денеска пред Зелениот пазар во Куманово. На фотографијата јасно се гледа како лица вработени ЈП Чистота и зеленило во униформи на ова претпријатие во работно време со службени превозни средства разнесуваат партиски материјали на СДСМ. Го повикуваме директорот на ова јавно претпријатие како и градоначалникот на Куманово да излезат и да им објаснат на граѓаните како е можно и по чиј налог се извршува оваа злоупотреба на парите на граѓаните, вели Петковски.

Петковски прашува дали ќе се преземат мерки за да се санкционира ова недозволено дејствување.

-До кога претпријатието Чистота и зеленило ќе работи се освен она за што е основано и за што зема пари од граѓаните. СДСМ брутално ги злоупотребува институциите на општината. Грубо мешање на партијата и општината со злоупотреба на општинските ресурси за изборни цели, додава Петковски.
Ова дело е казниво со закон, потсетува тој.
-Овие фотографии се направени денеска пред Зелениот пазар во Куманово. На фотографијата јасно се гледа како лица вработени ЈП Чистота и зеленило во

Пронајдете не на следниве мрежи: