NASA се затвора на нејзиниот 55-ти роденден!

Денеска е 55-тиот роденден на NASA, но никој нема да го слави. Зашто? Бидејќи денес е исто така денот кога NASA ќе се затвори…
Владата на САД не успеа да донесе буџет за NASA, а со тоа организацијата ќе престане да функционира. Ова значи дека голем дел од операциите на NASA, особено во владините сектори, ќе бидат запрени. 41% од вработените во владата ќе земат принуден (неплатен) одмор, а тоа ги вклучува и 18,000 вработени во NASA. Всушност, дури 97% од 18,000 ќе бидат пратени на ваков принуден одмор, со што NASA ќе работи само со 600 вработени.
Ова не значи дека екипажот на Интернационалната Вселенска Станица ќе биде запоставен. Мисијата ќе продолжи и ќе има одреден број на луѓе кои ќе се грижат за нив. Операциите на различните сателити во орбиатата исто така ќе продолжат, а NASA ќе врши мониторинг за да се осигура во исправноста на опремата.

 

Но, доколку постоел план за лансирање на нов сателит, за жал работата на него привремено ќе биде престаната. Во моментот, NASA планира лансирање на MAVEN (Mars Atmosphere and Volatile EvolutioN), кој треба да ја испита атмосферата на црвената планета. Со запирањето на повеќето операции, најверојатно овој проект нема да биде завршен и лансиран на време. Бидејќи е потребна специфична позиција на планетите, ова значи дека проектот најрано би бил лансиран во 2016-та година. Што ова значи за останатите операции на NASA?
Пред се, ова е сериозен удар за Hubble телескопот. Иако ќе остане во операција, сепак научниците нема повеќе да работат со него и да ги анализираат сликите и податоците. Слично нешто ќе се случи со роверите на Марс, од кои нема да добиваме апдејти. По само една недела, NASA нема да има средства да ја плаќа компанијата која ги контролира роверите – со тоа тие ќе престанат да се движат и ќе влезат во хибернација.
Повеќе на: GSM.mk

Пронајдете не на следниве мрежи: