Иако многумина ги донесуваат важните животни одлуки на база на логиката и здравиот разум, постојат и оние кои се потпираат на астрологијата и за најважните одлуки.Изминатите денови НАСА објави интересна вест: Ги ажурираа астролошките знаци за прв пат по 2000 години, што значи дека 86% од нас сега имаат друг знак.
Причината за оваа радикална промена е фактот дека денес небото значително се разликува од она пред неколку илјади години, што и има смисла. А бидејќи земјината оска веќе не е позиционирана во истата насока, нашите астролошки знаци се сменети за околу еден месец.
Сепак, работите не се баш така едноставни.
Податоците дојдоа од страницата на НАСА, каде се објаснува како првите знаци на Зодијаокт потекнуваат од вавилонците кои пред 3000 години нацртале замислена линија меѓу Сонцето и Земјата.
Така забележале дека положбата на соѕвездијата може да влијае на одредени карактеристики кај луѓето и случувањата на земјата, па го создале и Зодијакот, односно круг од 12 соѕвездија базиран на патувањето на Сонцето во текот на годината.
Како што Земјата орбитира околу Сонцето, се чини дека Сонцето минува низ секој од 12-те делови на Зодијакот. Со оглед на тоа дека вавилонците веќе имале календар за 12 месеци, секој месец добил дел од Зодијакот за себе. Но, бидејќи ова се случувало пред 3000 години, работите до некаде биле произволни и од некоја причина вавилонците изоставиле едно соѕвездие, а тоа е Офиукус.
„Но, ова е само научно објаснување на Зодијакот, а не валидација на хороскопот. НАСА се занимава со астрономија а не со астрологија. Не ги менувавме знаците, туку употребивме математика“, изјавува портпаролот на НАСА, Двејн Браун.
Така што, ако и понатаму ви одговара знакот што го имате, задржете го. Ако не, имате нова опција.
Еве како би изгледал новиот хороскоп:
1-Јарец: 20 јануари-16 февруари
2-Водолија: 16 февруари-11 март
3-Риби: 11 март-18 април
4-Овен: 18 април-13 мај
5-Бик: 13 мај-21 јуни
6-Близнаци: 21 јуни-20 јули
7-Рак: 20 јули-10 август
8-Лав: 10 август-16 септември
9-Девица: 16 септември-30 октомври
10-Вага: 30 октомври-23 ноември
11-Скорпија: 23 ноември-29 ноември
12-Офиукус (змијоносец): 29 ноември-17 декември
13-Стрелец: 17 декември-20 јануари
Забележавте ли? Сега има 13 знакови, вбројувајќи го и Офиукус, кој го воведе НАСА. Древните астролози го отфрлиле ова соѕвездие, за 12-те знаци да се поделат еднакво околу Сонцето.Изминатите денови НАСА објави интересна вест: Ги ажурираа астролошките знаци за прв пат по 2000 години, што значи дека 86% од нас сега имаат друг з