Особено сме охрабрени што на настанот присуствуваа огромен број на граѓани од различни возрасти, партии, религии, бидејќи нашата битка е над сите методи на поделба. Не делиме, туку сме заеднички зад иста цел, велат од иницијативата За заедничка Македонија.Во продолжение интегрален текст од реакцијата на иницијативата „За заедничка Македонија“.
Жалиме што за СДСМ е спорно да се прославува на тема Македонија. Ова е очигледен резултат на огромната нервоза кај СДСМ затоа што поради активноста на граѓаните за Заедничка Македонија, се соочија со сопствениот народ кој одлучи да не молчи и да прифаќа платформи од туѓи држави и обидите истите да се замаскираат во програма на некаква си влада. Па затоа СДСМ посегнува по ваков тотално бесмислен напад.
Настанот денес, на 27-миот ден откако граѓаните масовно започнаа да чекорат по улиците и да го дигнат својот глас против штетните политики за државата и во поддршка на Заедничка Македонија, беше организиран од граѓанска иницијатива, а не од политичка партија.
Особено сме охрабрени што на настанот присуствуваа огромен број на граѓани од различни возрасти, партии, религии, бидејќи нашата битка е над сите методи на поделба. Не делиме, туку сме заеднички зад иста цел.
Охрабрени сме што огромен број и на млади луѓе ги одобруваат, прифаќаат и учествуваат во нашите активности. Тоа е само мотив плус и потврда на исправноста на нашите цели кои не се партиски, туку граѓански.
Кога станува збор за злоупотреба, има ли поголема злоупотреба од онаа на социјал-демократите да се прифати и молчешкум да се обидува да се протне како официјална владина политика платформата чија крајна цел е растурање на државата каква што е? Има ли поголема злоупотреба од таа да се прифати редефинирање на државата преку платформа направена во друга држава?
Има ли поголема злоупотреба и манипулација од тоа да се воведе двојазичност во држава која е мултиетничка, да се прифати осуда на некаков си геноцид и за тоа да се обвинат партизаните кои ја донесоа слободата, како и соседните народи и држави?
Има ли поголема злоупотреба да се прифати да се разговара за промена на знаме, химна, дрб, во услови кога е под закана името и се прават сериозни обиди за бришење на идентитетот на Македонците?
Ова се прашања кои го допираат секој граѓанин на нашата граѓанска, унитарна Заедничка Македонија. Ова е борба за иднината, ова е борба на сегашните за сите идни генерации. Ова е четвртиот Илинден. И затоа на улиците има и ќе има уште повеќе луѓе.
Ви благодариме на учеството и поддршката. Само со масовна поддршка на нашата иницијатива се можни нашите победи, кои започнаа да доаѓаат и ќе продолжат. Вистината е на наша страна. И затоа ќе победиме.
Да сте живи и здрави.Да живее Заедничка Македонија!Во продолжение интегрален текст од реакцијата на иницијативата „За заедничка Македонија“.
Жалиме што за СДСМ е