Нашата приказна нема крај, нашето патешествие продолжува… Сѐ уште ги бараме нашите роднини, сѐ уште не знаеме каде се, лутаме барајќи се … Јас случајно на Фејсбук го пронајдов мојот братучед и сакам да ви го приложам писмото кое го напишав тогаш…Драги мои, еве ќе ви пишам еден настан, вчера што ми се случи. Пред неколку месеци, случајно на ФБ си го пронајдов мојот мил братучед, за кого не знаев дека живее во Скопје.
Паскал Камбуровски тој е мојот брачед, како што ви кажав се најдовме тука на ФБ.
Си разменивме телефони, се слушнавме неколку пати, си пишувавме на ФБ.
Вчера кога бев во Скопје на масовниот собир на ВМРО-ДПМНЕ, му се јавив на Паскал да се видиме. После собирот се најдовме кај Сити мол. Што да ви кажам, кога се видовме се изгушкавме и седнавме да си помуабетиме. Паскал ми рече:
„Е мила Олга, само колку многу години поминаа, а ние да не знаеме еден за друг“.
Тој во Скопје, јас во Охрид. Не далеку. Не знаев што побрзо да му кажам. Ми навираа солзи во очите, ама не сакав пред него да плачам, не сакав да го расипам тој убав момент и него да го разжалостам. Морав да одам и се поздравивме, знаејќи дека сега почесто ќе се гледаме. Кога си замина, од моите очи ПОТЕЧЕ РЕКА ОД СОЛЗИ.
СИ РЕКОВ: „О БОЖЕ,КАКВА ЛИ ЌЕ БЕШЕ ОВАА НАША СУДБИНА?????“
СЕ ВРАТИВ ДОМА СРЕЌНА, НЕ МОЖАМ СО ЗБОР ДА ВИ ГИ ОПИШАМ ЧУВСТВАТА, АМА ЗНАМ ДЕКА САМО ВИЕ ЌЕ МЕ РАЗБЕРЕТЕ, ЗАШТО ЈА ДЕЛИМЕ ИСТАТА СУДБИНА. СРЕЌНА СУМ ШТО СЕ НАЈДОВМЕ И ЕВЕ АКО ЧИТА САКАМ ДА ГО ПОЗДРАВАМ И ДА МУ КАЖАМ ДЕКА МНОГУ ГО САКАМ.
Олга РистескаДраги мои, еве ќе ви пишам еден настан, вчера што ми се случи. Пред неколку месеци, случајно на ФБ си го пронајдов мојот мил братучед, за кого не з