Насилникот Димитриевски ќе оди на суд

Насилникот од редовите на СДСМ, Максим Димитриевски, кој на шести  овој месец причини тепачка во ресторанот „Палас“ во Куманово, при што му нанесе телесни повреди на свој помлад сограѓанин, наскоро ќе треба да оди на суд и да одговара за своето насилничко дејствување. Имено од извори блиски до истрагата дознаваме дека против Димитриевски е поднесена кривична пријава и во најскоро време се очекува Димитриевски да се појави на обвинителна клупа.Имено вечерта кога се случил инцидентот сега оштетениот В.А. бил во ресторанот „Палас“ во Куманово заедно со својот татко и неколкумина негови другари, каде се наоѓал и Димитриевски, истите нарачувале песни , по што во еден момент песните запреле, кога сега оштетениот В.А. станал да праша зошто прекинала музиката добил вулгарни навреди и тупаница од Димитриевски, по што набргу биле разделени од присутните во ресторанот.
По нападот оштетениот се јавил во кумановската болница, од каде што добивме информација дека по полноќ оштетениот се јавил во здравствената установа и му е констатирана телесна повреда, контузија на долната уста, напукната вилица и два скршени заба.
 Според извори блиски до истрагата дознаваме дека Димитриевски ќе одговара за кривично дело „Насилство“ според чл.386 ст.1 од КЗ. Според овој член од КЗ, на Димитриевски му се заканува казна затвор од 3 месеци до 3 години.
Во билтенот на МВР од 06.04.2017 година во описот на настанот стои :
-В.А физички бил нападнат од страна на лицето М.Д од Куманово, кој во два наврати му удрил тупаници во пределот на лицето при што му нанел видливи повреди. Полициските службеници од СВР Куманово излегле на местото на настанот и констатирале дека оштетениот со своите пријатели бил гостин во ресторанот и на музиката им порачал одредена песна, но по кратко време кога музиката престанала, истиот се упатил кон оркестарот за да праша зошто запреле, и му се приближило лицето М.Д кој исто така бил на семејна прослава, и во присуство на повеќе гости го удрил во пределот на лицето два пати со што му нанел телесни повреди. При превземање на потребните мерки и активности обезбедени се лица сведоци кои биле присутни за време на настанот кои го потврдуваат истиот. Пријавениот настан е расчистен и против сторителот М.Д ќе биде поднесен соодветен поднесок. “
Оштетениот во изјава за медиуми дадена денот по настанот изјави :
-До инцидентот дојде кога музичарот дојде кај нас да свири, си порачавме македонска песна. Тогаш дојде Максим, се приближи на нашата маса. Културно му кажавме дека не сакаме да биде со нас тука. Тој си отиде, го викна музичарот и ни ја изгаси музиката. Потоа отидов да прашам зошто го сторил тоа? Тој почна да не навредува, да не пцуе и го прашав зошто прави така? Се заврти кон мене, ми удри два бокса и потоа викнавме полиција.
По настанот медиумите под контрола на СДСМ се обидуваа да го спинуваат настанот и да го прикажат Димитриевски како жртва, што не им успеа, бидејќи и очевидците на настанот и наодите на полицијата го тврдат спротивното.
Ваквото типично насилничко однесување на опозиционерите зачести откако СДСМ не успеа на сила да ја протне Тиранската Платформа во Собрание и да избере Претседател на Собранието надвор од законот и Уставот, па својата нервоза се обидуваат да ја истурат на недложни граѓани. Времето сепак покажа дека и насилието не им поминува и се поголем број на граѓанни се свртуваат против СДСМ, секојдневно се на улиците и нема да дозволат било какво решение против нивната волја.
Порано или подоцна секој ќе треба да си одговара за своите дела, а часот за одговорност се повеќе се доближува. Без разлика дали е Заев, Шекеринска или некој друг од СДСМ, како во случајов со Димитриевски.
Прв со законот ќе се соочи насилникот Димитриевски, кој наскоро се очекува да се појави пред суд.Имено вечерта кога се случил инцидентот сега оштетениот В.А. бил во ресторанот „Палас“ во Куманово заедно со својот татко и неколкумина

Пронајдете не на следниве мрежи: