Годишниот ревизирски извештај за работењето на Фондацијата „Отворено општество – Македонија“ за 2015 година уште еднаш само ја потврдува дека Сорос не жали пари и средства за крајната цел – уривање на Македонија.„Посветена на промоцијата на отвореното општество, преку своите концепти и области, Фондацијата „Отворено општество – Македонија (ФООМ)“ во 2015 година иницираше и поддржа широк спектар активности, од градење капацитети до проекти за јавни политики и застапување за општествени промени. За да одговори на потребите на различни целни групи, а особено на младите, Ромите и социјално маргинализираните, ФООМ соработуваше со други домашни и странски невладини организации и донатори“, пишува во Извештајот.
Она што со јазикот на Сорос претставува „иницираше и поддржа широк спектар активности, од градење капацитети до проекти за јавни политики и застапување за општествени промени“ пресликано во реалноста се иницирани и поддржани насилни платенички протести, кои од април до одморите ја парализираа и ја тероризираа Македонија, а особено главниот град. Она што за Сорос е градење капацитети, за граѓаните на Македонија е одмакедончување.
„Република“ во мај објави дека за уривањето на Македонија, СОРОС потрошил фантастични 6.000.000 евра наменети за плати и хонорари за главните плукачи и бојосувачи на македонскиот народ, неговата традиција, култура, историја, идентитет. СОРОС со години ја финансира војската на СДСМ која треба да го спроведе планот никој во оваа земја да не се идентификува со Македонија.
Од приложениот извештај за финансиско работење во 2015 година јасно се гледа дека за демолирање и сквернавење државни институции, блокриање улици и крстосници, за бојосување на споменици, за печатење пропаганден материјал и СЈО-маички Фондацијата потрошила неверојатно 119,1 милијарда денари или стопати повеќе отколку за мониторинг и документирање на човекови права. Очигледно Фондацијата на Сорос цени дека годинава годинава од исклучитална важност била потребата да „иницира и поддржи широк спектар активности“, но не и „потребите на различни целни групи, а особено на младите, Ромите и социјално маргинализираните“.
За потсетување, „Република“ веќе го објави предолгиот список на заслужни плукачи по македонското и разнебитувачи на Македонија, кои за своите активности се богати наградени. Документите до кои дојде „Република“ откриваат која организација со колку пари располага и колку заработуваат од Соросовиот буџет главните „борци против режимот“. Без никакво изненадување, во Соросовата платеничка војска се и Љубомир Фрчкоски, Гордан Калајџиев, Мирјана Најчевска, Ѓунер Исмаил, Уранија Пировска, Марјан Забрчанец, Џелал Хоџиќ, Билјана Бејкова, Мила Царовска… Списокот е многу подолг, особено што Сорос плаќа и цели семејства на наведените. Тука се и Филип Стојановски, Ирена Цветковиќ, Љуми Бекири, Здравко Славевски, Кочо Андоновски, Владимир Вангелов, Џелал Хоџиќ.
Значајна улога имаат и новинарите кои секојдневно преку медиумските инсталации на Сорос шират пропаганда во корист на уривањето на државата, како Сашо Орданоски, Бранко Героски, неговата сопруга Билјана Илиќ, Драган Антоновски, Мухамед Зекири, Герман Филков, Ида Протуѓер, Сашка Цветковска, синот на Ерол Ризаов, Горан Ризаов, Саше Димовски, Зоран Димитровски, Зоран Бојаровски, Мери Јордановска, Предраг Петровиќ, Јофе (Јован Постоловски), Огнен Јаневски, Ивана Костовска, Биљана Секуловска, Владо Апостолов, Владе Ѓорчев. Потоа Суад Мисини, Влатко Станковски – Васиљ, Андреја Стојковски, се само дел од имињата на новинарите, уредниците и соработниците на Соросовите медиуми.„Посветена на промоцијата на отвореното општество, преку своите концепти и области, Фондацијата „Отворено општество – Македонија