Во однос на медиумите и слободата на медиумите, би сакал да истакнам дека ја поддржувам слободата на медиумите, а слободата на изразување и информирање е клучна вредност на нашиот политички систем, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во интервју за Телеграф.мк.T: Едно од прашањата околу изборите е договорот околу законите кои ја тангираат медиумската сфера. Дали се приближија ставовите?
Медиумите мора да бидат слободни и независни од какво било политичко, комерцијално или какво било друго влијание, злоупотреба или притисок, тие треба да може да ја извршуваат својата работа слободно. Тие играат клучна улога во нашето општество и ние сите мора да ја поддржуваме. Уредничката политика мора да биде единствено одлука на новинарот и ги охрабрувам сите медиуми секогаш да бараат различно мислење, алтернативни гледишта затоа што тоа е суштината на демократијата.
Како што знаете, меѓу партиите се водат разговори за медиумите. Би сакал да истакнам три работи: прво, Македонија има закон кој беше усвоен по осуммесечна дебата со сите чинители како новинарските здруженија, ТВ и радио здруженија, дневни весници и нивни синдикати. Тие доставија свои мислења и барања и повеќето од нов беа усвоени во овој закон, а не смееме да зборавиме и дека законот беше напишан од страна на експерти под покровителство на ЕУ со помош на експерти од Советот на Европа и ОБСЕ. ЕУ инвестираше големи човечки и финансиски ресурси и благодарни сме им за тоа. Второ, бидејќи опозицијата СДСМ бара измени на законот, морам да истакнам дека сме подготвени да разговараме како што и правиме и сме спремни да го прифатиме кој било закон од 28-те земји членки во ЕУ, Македонија е земја кандидатка за членство во ЕУ, наша обврска е да го усвоиме законодавството на ЕУ, ова може да биде многу позитивен чекор во таа насока. Трето, го изменивме Изборниот законик во консензус со опозицијата, на тој начин обезбедувајќи еднакво претставување на сите партии и кандидати на нивната програма и ставови во изборниот период.
Секогаш сум отворен да го слушнам мислењето на новинарите и медиумите и ве уверувам дека нашиот дијалог со медиумите како и нашите напори за подобрување на медиумското окружување ќе продолжат со иста динамика и по изборите.T: Едно од прашањата околу изборите е договорот околу законите кои ја тангираат медиумската сфера. Дали се приближија ставовите?