Наскоро лек против ХИВ! Нова револуционерна вакцина на последно тестирање

Во средата, официјалните здравствени установи во САД, објавија дека е изготвена експерименталната вакцина против ХИВ, што функционира подобро од сите досегашни обиди да се победи вирусот.Вакцината е подобрена, откако беше успешна само кај третина од случаите, и се очекува со новото унапредување да функционира многу поуспешно.
„За прв пат во 7 години, научната заедница се соочува со почетокот на огромен клинички тест на вакцина против ХИВ вирусот, што е производ на долги години изучување и експериментирање“, изјави д-р. Антони Фаучи, директор на Државниот Институт за Алергии и Инфективни Болести (NIAID), и ко-основач на експериментот.
Безбедната и ефикасна вакцина против ХИВ ќе стави крај на долгата пандемија на ХИВ/сида, а ова е посебно потребно во Јужна Африка, каде што вакцината ќе биде тестирана.
Не постои лек за човечкиот имунодефицитарен вирус (ХИВ) што предизвикува сида, но конкретен коктел од антивирусни лекови може да ја држи состојбата под контрола, а дел од овие лекови исто така се користат и во превенцијата против оваа инфекција. Тој пристап што до сега се користеше е наречен „пред-изложувачка профилактика“ (PrEP) и го намалува ризикот од заразување со ХИВ до 90 проценти ако луѓето го користат постојано. Но многу е скап, и истражувањата покажаа дека на овој начин ќе биде тешко во сиромашните држави да се спречи ширењето на вирусот, со кој годишно ширум светот се заразуваат 35 милиони луѓе и умираат 1,2 милиони луѓе.
Затоа, научниците работеа на подобра вакцина. „Прогресот е охрабрувачки – новите заразувања со ХИВ опаднаа од 35% ширум светот што беа измерени во 2000 год.“ Вакцината е наречена RV144 и е тестирана во 2009 год. во воена база на САД во Тајланд, каде бил заштитен само 31% од доброволците.
„Дизајнот и распоредот на режимот на RV144 сега се прилагодени за да ги зголемат оптегот и траењето на однесувањето на имунитетот кој е измамен од вакцината. Тестирањето е одобрено и закажано за Ноември, 2016 година“. Институтот NIAID има во план да тестира 5400 доброволци.
Се работи и на други вакцини, и истражувачите исто така тестираат лек наречен микробицид, што може да ги заштити луѓето од сексуалната преносливост на ХИВ.
„Истражувањата за вакцината продолжуваат во лабораториите, каде што научниците го тестираат користењето на моќни антитела во блокирањето на голем процент од заразувањето на човечките клетки со ХИВ“, изјави Фаучи.
„Овие тн. широко неутрализирачки антитела (bNAbs) можат и природно да се појават; сепак, се појавуваат во голем концентрат само кај мал дел од заразените поединци, и дури и кај нив, вообичаено се појавуваат две или повеќе години по заразувањето, кога веќе е предоцна за да биде од корист на пациентот. Сепак, ако вакцината успее да ги стимулира имуните системи на поединците да создадат вакви антитела, тие ќе ги заштитат луѓето од заразувањето со ХИВ“.Вакцината е подобрена, откако беше успешна само кај третина од случаите, и се очекува со новото унапредување да функционира многу поуспешно.

Пронајдете не на следниве мрежи: