Дороти од филмот „Волшебникот од Оз“ требаше само да потчукне со своите црвени чевлички и да се врати во својот дом во Канзас, а од месецов нешто слично ќе биде можно и во реалниот свет.Една индијска фирма за обувки ветува дека ќе го стори тоа со новите „паметни“ патики, опремени со GPS, кои со помош на вибрации ќе му дава упатства на корисникот каде треба да оди.
Црвените патики, кои ќе го пресметуваат бројот на чекори, оддалеченост и број калории, под името „ LeChal“, што на Хинду јазикот значи „поведи ме со себе“ ќе се најдат во продажба од овој месец.
Патиките со помош на bluetooth ќе бидат поврзани со паметен телефон и со помош на Гугл мапа ќе праќаат сигнал и ќе го насочуваат лицето дали треба да оди лево или десно.
Овие патики ги измислиле 30 –годишниот Кристиан Лоренс и 28-годишната Анирут Шарма кои својата фирма „ Decere” ја основале во мал стан во 2011 година, а со поддршка на инвеститор сега имаат 50 вработени.
„Добивме идеја и сфативме дека тоа би можело да им помогне на лицата со слаб вид“, рекол Лоренс и додал дека и самиот ги пробал, а потоа помислил „чекај малку, па и јас би сакал да имам вакво нешто“.
Тие велат дека до сега имаат 25.000 порачки за овие обувки чија цена се движи од 100 до 150 долари. До сега ги продавале преку препораки и сајтови, а сега се во преговори со компании од САД и Индија.Една индијска фирма за обувки ветува дека ќе го стори тоа со новите „паметни“ патики, опремени со GPS, кои со помош на вибрации ќе му д