Низа настани на овие простори покажуваат дека забрзано се работи на проектот кој е стар повеќе од еден век.Заедничката седница на албанската и косовската влада во Тирана, одржана под мотото „Една земја, еден народ, еден сон“, која резултираше со потпишување на 11 „меѓудржавни“ спогодби, соседните држави тоа го протолкуваа како уште еден од потезите за дестабилизација на регионот, додека изостанаа реакции од светот.
Клучните играчи на балканските простори замижаа пред фактот дека премиерите Иса Мустафа и Еди Рама не кријат дека Косово и Албанија ги сметаат за една територија, како и дека официјално порачале дека граница помеѓу „двете држави“ нема да постои.
„Голема Албанија“, или сон за обединување на сите Албанци, е кошмар за Србија, Македонија, Црна Гора и Грција, чии делови на територии треба да бидат опфатени.
-Постојат сни кои стануваат јаве. Таков е и овој за Голема Албанија, кој се приведува кон крајот и станува јаве – вели за „Новости“ историчарот Љубодраг Димиќ.
-Од Призренската лига тој проект се реализира воено и политички, економски и културно. Сонот за обединувањето ќе биде реализиран во рамките на заедничкиот европски простор.
Проектот наречен „Голема Албанија“ опфаќа четири вилаети – косовски, битолски, јањински и скадарски – и ги загрозува границите на четири балкански држави.
Значајниот чекор направен за реализација на овој проект е направен во 1999 година со агресијата на НАТО врз Србија, која резултираше со одземање на Косово и Метохија.
-Сега е Македонија на дневен ред. Минатогодишносто создавање на „Република Илирида“, албанска држава среде Скопје и барањата Македонија да се федерализира, е најнов и најсериозен чин за продолжување на процесот кој се означува како големоалбански проект на југот од Балканот.
-Следна на ред ќе дојде Црна Гора во која Албанците како свои сметаат четири општини – Улцињ, Плав, Рожаје и Подгорица – смета историчарот Будимир Алексиќ.
Овој проект секогаш имаше свои спонзори во светот – во текот на Призренската лига тоа биле Англичаните, во Втората светска војна нацистичките и фашистичките сили, денес се САД и Европската Унија.Заедничката седница на албанската и косовската влада во Тирана, одржана под мотото „Една земја, еден народ, еден сон“, која резултираше