Наскоро почнуваат со работа првите рурални амбуланти со државна стимулација

Ранковце и Пештани ќе добијат матичен лекар. После повеќе години најдоцна до крајот на јуни во овие места ќе бидат отворени амбуланти со дополнителна финансиска стимулација од државата.Преку огласот на министерството за здравство ординации ќе бидат отворени и во кичевско Другово и прилепско Витолишта. Во овие 4 места над 8.000 жители добиваат здравствена заштита поблиску до нивните домови. Ќе биде објавен оглас за доктор во уште 13 рурални подрачја.
– За секоја новоотворена рурална ординација по општа медицина согласно огласот, се склучува договор со Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Ординацијата ќе добива зголемен износ на капитацијаи тоа најмногу 90.000 и најмалку 60.000 денари за месец. Лекарот првите 24 месеци или додека не надмение 700 пациенти ќе може сам да ја објавува функцијата, односно без медицинска сестра, изјави Никола Tодоров, министер за здравство.
Според Тодоров со проектот отворање амбуланти во рурални средини целта е граѓаните да добиваат здравствени услуги поблиску до местото на живеење и да не патуваат со километри доколку имаат потреба од лекарски преглед.Преку огласот на министерството за здравство ординации ќе бидат отворени и во кичевско Другово и прилепско Витолишта. Во овие 4 места над 8.000 жит

Пронајдете не на следниве мрежи: