Нова епизода од укинатата емисија на Васко Ефтов со наслов НОВА ВЛАДА ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО!

Последната  епизота од емеисијата „Во  центар“, на Васко Ефтов не беше емитувана на телевизијата  „канал 5“, па гледачите можеа да ја проследат  само на интернет.Новинарот Васко Ефтов во емисијата „Во центар“ вели дека приоритетите на владата која лидерот на СДСМ, Зоран Заев се обидува да ја направи е да по секоја цена Република Македонија да влезе во НАТО. Тоа би значело и промена на името.
Според Ефтов, постојат најмалку три сценарија како Македонија до крајот на годината да стане членка на НАТО. Како што вели Ефтов, и американскиот Амбасадор Џес Бејли сака по секоја цена Македонија да влезе во Алијансата за тој да ги покрие сите активности во изминатите две години.
-Првото сценарио е да биде организиран референдум во Република Македонија. Тоа значи, 50 плус 1 отсто од гласачите во Република Македонија, односно близу 900 илјади луѓе да гласаат позитивно на тој референдум. Тоа е тешко остварливо и таа опција се помалку е актуелна и се помалку е во игра за решавање на проблемот со името, истакна Ефтов.
Посочува дека втората варијанта е Македонија да влезе под условите кои се договорени со времената спогодба, односно да се реализира она што не беше направено на самитот на НАТО во Букурешт.
-Втората варијанта е под името „поранешна југословенска Република Македонија“, Македонија да стане членка на НАТО. Всушност, изминатите четири или пет години постои онаа пресуда на Хашкиот суд. Раководството или официјалната политика на Република Македонија бараше под таа референца, како што е содржана во времената спогодба да станеме членка на НАТО. Односно, да се реализира тоа што не беше направено на самитот на НАТО во Букурешт, објаснува Ефтов.
Според него, третата варијанта е Македонија да влезе во Алијансата под референцата FYROM, што и одговара на Грција.
-Третата варијанта е под референцата FYROM, која и одговара на Грција. Притисокот кој сега се врши врз Зоран Заев е под референцата FYROM, која одговора на Грција, Република Македонија да стане членка на НАТО, посочи Ефтов.
Во  продолжение погледете ја целата  емисија:
 
Новинарот Васко Ефтов во емисијата „Во центар“ вели дека приоритетите на владата која лидерот на СДСМ, Зоран Заев се обидува да ја напр

Пронајдете не на следниве мрежи: