Шокантните фотографии на медицинската сестра Даниела Поџали (42), од Луго ди Рoманија во централна Италија, покажуваат како таа со насмевка на лицето позира покрај мртвите пациенти.Морничавите фотографии брзо беа споделени по социјалните мрежи.
Сестрата Даниела беше уапсена во октомври и е осомничена за 38 убиства.
Авторката на фотографиите е колешката на Даниела, која подоцна ѝ ги праќала преку WhatsApp. Таа тврди дека била приморана да учествува во одвратниот чин, бидејќи сестрата Даниела важи за одмаздољубив член на медицинскиот персонал.
– Имаше случки кога таа им даваше прекумерна доза на лаксатив на пациентите, само за да им ја отежни работата на колегите во смената по нејзината, доколку некој од нив се има замерено со неа – посведочила една поранешна медицинска сестра.
Даниела моментало се наоѓа во притвор и е осомничена за извршување на дури 38 убиства.
Таа станала сомнителна кога почнала да расте бројката на починати пациенти за време на нејзината смена. Со аутопсија беше потврдено дека пациентите починале од смртоносна супстанца, која во САД им се вбризгува на затворениците за време на смртната казна.
Таа употребувала раствор со смртоносни количества на калиум, кој од организмот исчезнува по 48 часа.
Морничавите фотографии брзо беа споделени по социјалните мрежи.
Сестрата Даниела беше уапсена во октомври и е осомничена за 38 убиства.



