НАСМЕВКАТА на мојот син криеше УЖАСНА ТАЈНА: Да знаев навреме, можеби ќе можев сè да спречам

Момчето Крег, синot на Карен Браун, извршилo самоубиство во 2013 година на 22-годишна возраст. Тој пател од депресија, а неговото семејство не било свесно за тоа. Неговата мајка сега сака во основно училиште да почне да се учи за менталните болести„Крег беше добар, сочувствителен, фин и духовит. На секоја фотографија која ја имам од него, тој се смешка. Но, јас сега знам дека неговата насмевка била маска. Крег, всушност, бил депресивен до таа мера што мислел дека животот не е вреден за живеење. А ние не ни претпоставувавме дека има суицидни мисли“, раскажува Карен.
Крег во 2013 година, на изненадување на сите членови во семејството, извршил самоубиство.
„Иако делуваше дека ги има сите услови за да ужива во животот – беше популарен, талентиран пијанист и доби место на Кембриџ – тој бил депресивен. Се грижеше за својот изглед и имаше добар апетит и никогаш не зеде слободен ден од работа. После неговата смрт, неговите шефови ми рекоа дека бил примерен работник доверлив, совесен, способен“, вели таа.

Крег бил социјален тип, излегувал со девојки, а неговите родители и сестрата му предвидувале светла иднина.
„Сега многу ме мачи тоа што не го познавав вистински. Иако нашиот однос секогаш беше полн со љубов, криеше од мене дека последните 10 години бил исполнет со очај. Само сакав моите деца да бидат здрави и среќни, а Крег не беше ни едното ни другото. Како ми се измолкна тоа? Јас сум медицинска сестра за итни случаи, а не можев да му помогнам на сопствениот син. И сега морам да се соочам со тој факт. Мојот сопруг Стјуарт ми вели, а тоа го знам и самата, дека не би можела да му помогнам, освен ако тој не го посакаше тоа“, раскажува оваа мајка.
Таа вели дека не може да се оттргне од помислата дека би можела да му помогне ако знаела што го мачи, иако во неговото писмо за збогум пишувало дека тој изгубил секаква надеж.

 

„Во писмото ни рече дека ние сме биле најдоброто семејство кое можел да го има и ни објасни дека е несреќен веќе неколку години и дека со секоја депресивна епизода станувало се` полошо. Некои луѓе ми рекоа дека бил себичен кога се убил. Јас не се сложувам. Крег бил ментално болен. Тој се чувствувал како товар, дури иако сите ние видно уживавме во неговото друштво“ раскажува Карен.
Во понеделникот наутро, ноември 2013 година, Карен ја повикале на работа и и` кажале дека таа и нејзиниот сопруг треба да си појдат дома.
„Веднаш знаев дека се работи за Крег, затоа што претходниот ден не ми одговори на пораката. Мислев дека доживеал несреќа. Бев преплашена. Штом стигнав дома, мојот сопруг ми кажа дека Крег е мртов. А тогаш дознав дека самиот си го одзел животот. Не сакам да кажам на кој начин го сторил тоа, не мора сите да знаат. Тој се убил саботата навечер свесен дека нема да го најдат до понеделник. На листот хартија кој го пронашле покрај него пишувало „Не ме оживувајте“ “, се присетува мајката.

Во тоа писмо Крег признал што го мачело веќе со години. Оние кои патат од овој вид на депресија им се смешкаат на сите и изгледаат задоволно, а одвнатре се вознемирени и се чувствуваат празно.
„Мене сега ми останува само да се надевам дека другите ќе ја научат лекцијата од неговата смрт. Мислам дека менталните болести би требало да се воведат во училишната програма за да знаеме да ги препознаеме и да им помогнеме на оние кои боледуваат од нив. Да знаев, можев да го спречам. Сега не можам ништо друго освен да и дадам на неговата смрт смисла, така што со неговиот пример ќе ги спречам другите родители да ја направат истата грешка“, заклучува оваа мајка.„Крег беше добар, сочувствителен, фин и духовит. На секоја фотографија која ја имам од него, тој се смешка. Но, јас сега знам дека неговата н

Пронајдете не на следниве мрежи: