Настан во МКЦ со Проф. Ард Луи од Оксфорд / „Oxford Connections“

Во јубилејната петта година од своето постоење Балканскиот институт за вера и култура (БИВК) ја организита шестата по ред „Oxford Connections” програма преку која досега во Македонија гостувале преку педесет професори, предавачи и докторанди од Универзитетот „Оксфорд“.Централниот настан во рамките на „Oxford Connections” е Веритас форумот -предавањето од јавен карактер – кое ќе го одржи професорот по теоретска физика од Оксфордскиот Универзитет, д-р АрдЛуи, со наслов „Дали науката може да објасни сè?“ во Младинскиот културен центар (МКЦ) – сала „Фросина” во четврток 31-ви март 2016 година со почеток во 19:00 часот.
На овој настан Проф. Луи ќе ги изложи своите долгогодишни научни истражувања, истовремено ставајќи ги во контекстот на „големите животни прашања“ како што е на пример потеклото на животот. Во предавањето ќе бидат изложени главните идеи на документарниот филм снимен во независна продукција заедно со светски познатиот ТВ водител на научни програми и режисер на документарни филмови Дејвид Малон (David Malone). Насловот на документарниот филм во три дела е „Зошто сме тука?“ (Why are we Here?) и ги обработува следните три подрачја, „Потрага по вистината,“ „Моралниот компас“ и „Чудата на убавината“. На овие теми во филмот зборуваат водечки светски научници и мислители како што се Професор Сајмон Конвеј Морис (Simon Conway Morris) од Универзитетот „Кембриџ“, Мартин Новак (Martin Novak) од Универзитетот „Харвард“ и светскиот авторитет за приматите, Џејн Гудал (Jane Goodal).
Ард Луи е професор по теоретска физика на Универзитетот „Оксфорд“, каде што ја води интердисциплинарната истражувачка група која проучува прашања што се преклопуваат меѓу хемијата, физиката и биологијата. Професор Луи е директор на постдипломските студии по теоретска физика. Од 2002 до 2010 година, бил член на Кралското универзитетско истражувачко друштво на Универзитетот „Кембриџ“ и на Универзитетот „Оксфорд“. Тој е соработник во институтот за наука и религија „Фарадеј“. Неговите трудови се објавени за фондацијата „Биологос“ каде што е член на одборот директори од 2011 година. Во 2013 година е избран за член на Меѓународното здружени за наука и религија. Пред да биде избран со звање Професор по теоретска физика, професор Луи предавал теоретска хемија на Универзитетот „Кембриџ“, каде што бил и директор на природните науки во колеџот „Хјугс Хол“. Роден е во Холандија, а растел во Габон. Своето универзитетско образование го почнал на Универзитетот „Утрехт“, а се стекнал со докторска титула на Универзитетот „Корнел“. Своите научни познавања Ард Луи ги применува и на своето големо хоби, молекуларната гастрономија.Централниот настан во рамките на „Oxford Connections” е Веритас форумот -предавањето од јавен карактер – кое ќе го одржи професорот по

Пронајдете не на следниве мрежи: