Ученик од прво оддление во основно училиште во Орегон, Хантер Кмело, често доцни на училиште, а учителите за казна го ставале да ја јаде ужината зад картонска преграда, за да го одвојат од останатите деца. Причината поради која ова дете доцни, ја објави неговата баба и со тоа покрена еден куп добри дела, пишува Дејли Меил.„Ова е мојот внук, Хантер. Оди во прво одделение. Автомобилот на неговата мајка често не пали веднаш. Некогаш доцни по некоја минута на училиште“, напишала на својот Фејсбук профил бабата на Хантер, Лаура Ховер, покрај фотографијата од момчето кое седи зад картонската преграда во училишната кантина.
„Вчера на училиште задоцни една минута. Неговаа мајка откри дека вака ги казнуваат децата. Ова му го направиле 6 пати и тоа поради нешто што не е во негова контрола. Го исмеваат пред другите деца“, напишала бабата на Фејсбук.
После тоа, за приказната на детето с расчуло низ соседството, а потоа и во градот.
Приказната се раширила и стигнала до еден салон за користени автомобили, кој за неговото семејство донирале автомобил Chrysler monovolume, а сопственичката на салонот платила и доработка на возилото за да биде 100 проценти сигурно за семејството.
Начинот на кој се однесувале во училиштето кон момчето, предизвикал гневни реакции. Бројни родиели се јавиле во училиштето и се жалеле за лошиот пристап на казнување, а училиштето најавило и посебна конференција за јавноста во која ќе се изјаснат за инцидентот.„Ова е мојот внук, Хантер. Оди во прво одделение. Автомобилот на неговата мајка често не пали веднаш. Некогаш доцни по некоја минута на учили



